Поврзи се со нас

Гостивар

Расте бројот на дијабетичари, младите медицинари во Гостивар со превентивни активности

Објавено

на

Средното медицинско училиште во Гостивар во соработка со Здружението на дијабетичари „Вардар“ го одбележа Светскиот ден на борба против дијабетес, 14-ти ноември со превентивна активност на градскиот плоштад. Младите медицинари на посебни штандови на минувачите им го мереа нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок, и им поделија по некој совет за добро здравје.

„Со оваа активност се вклучуваме во одбележување на Светскиот ден на борба против дијабетесот. Има голем интерес од граѓаните да им се измери шеќерот во крвта и притисокот, и за среќа на повеќето параметрите им се на добро ниво. Им даваме и некои совети за заштита на здравјето и превенција од дијабет. Најважно е да си прават редовни контроли и анализи, за доколку се јави проблем навреме да се реагира“, рече професорката, Александра Силјаноска.

Претседателот на Здружението на лица со дијабет во Гостивар, Велко Бобароски нагласи дека најголем проблем за пациентите со дијабет е недостигот на терапија и помагала, за што се прават напори да се надминува.

„Во целата држава има проблеми, па и Гостивар се соочува со потешкотии во однос на  инсулинска терапија, ленти за мерење, игли и сл. Пред неколку дена имавме состанок со претседателот на државата, кој вети дека ќе помогне и ако ги исполни ветувањата, на што се надеваме, роблемите ќе се надминат.“, рече Бобароски оценувајќи дека има раст на бројот на дијабетичари, а за жал тоа се забележува и кај младата популација.

„Во гостиварскиот регион официјалната бројка е околу 7.500, но реално е поголема и стигнува до 9.000. Има пораст и возрасната граница се поместува. Има и бебиња со дијабет, не многу, но сепак, да, ги има. Порастот на дијабетот во последните години е голем, а сето тоа се должи на неправилната исхрана, немање физичка активност“, кажа тој.

Светскиот ден на дијабетесот годинава се одбележува под мотото „Познавај го твојот ризик, познавај го твојот одговор“.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 13 часа

Црвена леќа – мешунка со мноштво здравствени придобивки

Македонијапред 14 часа

Етика во религиите да се врати како задолжително-изборен предмет, бара Асоцијацијата на професори

Гостиварпред 16 часа

Уште една пријава за напад од куче скитник во Гостивар

Македонијапред 17 часа

АНБ воведува задолжително полиграфско тестирање во процесите на проверка и селекција

Македонијапред 17 часа

Дали ќе се ограничат маржите на основните производи? Трговците и дистрибутерите на средба со министерот за економија

Македонијапред 18 часа

„Клексан“ ќе може да се зема во аптеките со рецепт, наместо да се бара рефундација

Светпред 19 часа

Мерцедес започнува повлекување на илјадници возила од 1 април поради неисправност

Гостиварпред 20 часа

Таравари: Ваљбон Лимани потенцијален кандидат за градоначалник на Гостивар од ВРЕДИ

Македонијапред 21 час

Над 5.150 корисници на МојДДВ немаат точни податоци, УЈП ги повика да направат проверка за да им бидат исплатени парите!

Гостиварпред 4 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 4 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 3 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Непал вработени во локал во Маврово се оддалечиле од објектот

Видео емисиипред 4 недели

ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители

Гостиварпред 2 недели

Од маркет во Гостивар украдени пари и цигари, едно лице лишено од слобода

Македонијапред 4 недели

Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка

Гостиварпред 4 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена