Македонија
Расте бројот на граѓани кои се задолжуваат во банките, станбените и потрошувачките кредити најзастапени
Кредитите на домаќинствата во ноември годинава забележаа раст од 0,5% на месечно ниво, што во поголем дел се објаснува со зголеменото кредитирање во странска валута, соопшти Народна банка. На годишно ниво, кредитите на домаќинствата се зголемија за 7,5%, под влијание на растот на кредитите во денари и во странска валута, со поизразен придонес на кредитите во странска валута.
Во ноември, според намената на кредитите одобрени на физичките лица, најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, забележаа месечно зголемување од 0,5% и 1,1%, додека годишните стапки на раст изнесуваат 6,6% и 12,9%. Автомобилските кредити остварија месечен и годишен раст од 6,3% и 9,1%. Кредитите одобрени на кредитни картички се непроменети на месечно ниво, додека годишниот раст изнесува 0,8%. Во ноември, негативните салда на тековните сметки, забележаа месечен и годишен раст од 2,7% и 1,6%, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,9% и 17,1% на месечна и на годишна основа.
Депозитите на домаќинствата, пак, во ноември се непроменети на месечна основа. Годишниот раст од 5,3% во најголем дел е резултат на зголемените краткорочни депозити во странска валута, при дополнителен позитивен придонес и на депозитните пари и долгорочните депозити во странска валута, а во услови на остварен пад на долгорочните и на краткорочните депозити во денари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар