Вести
Расте бројот на несреќи во гостиварско
Статистиката на полицијата за месец мај покажува зголемување на бројот на сообраќајни несреќи. На патиштата и улиците во Гостивар и гостиварско во петиот месец од годинава, регистрирани се вкупно 22 сообраќајни несреќи или 5 повеќе во споредба со истиот период лани.
Загинати немало, пет несреќи завршиле со тешко повредени, девет со лесно повредени лица, додека во 8 причинета е само материјална штета, која се проценува на 914 илјади денари.
Најмногу од несреќите (10), како и претходно се случиле по градските улици, потоа на регионални патишта (4), локални патишта (3) и по една на магистрален пат, автопат и некатегоризиран пат.
Според податоците од полицијата, најчести причини за несреќите се: неприлагодена брзина, односно пребрзо возење, неправилно вршење дејстви и недржење растојание.
Две од сообраќајки биле со пешаци учесници на кои возачите не им дале предност. Дури седум возила-учесници во несреќите побегнале од местото.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград