Поврзи се со нас

Вести

Расте бројот на склучени бракови на подрачјето на Гостивар

Објавено

на

fennes_weddingЗа прв пат после пет години, лани во Гостивар се бележи пораст на бројот на новоформираните брачни заедници. За разлика од претходно, кога владееше тренд на намалување на браковите, актуелните податоци се оптимистички.

Според Државниот завод за статистика, во текот на минатата година во Гостивар и гостиварско во брачна заедница влегле 690 парови, што е за 20-тина повеќе од претходната година.

Дел од оние кои лани одлучиле да запливаат во брачните води зад себе веќе имале пропаднати бракови. 50 гостиварки биле невести по втор пат, а има и неколку случаи на третата среќа во брачниот живот.

Анализирано по месеци, најмногу бракови се склучуваат во август, а најмалку во март. Просечната возраст е 26 години за невестата и 29 години за младоженецот.

Во однос на другите поголеми градови Гостивар е на врвот на табелата заедно со Куманово, Тетово и Битола.

Податоците за првата половина од оваа година за гостиварскиот регион зборуваат за 291 склучен брак и 52 разводи.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена