Гостивар
Разбиена криминална група од Гостивар, запленета марихуана вредна 300.000 евра

Во текот на вчерашниот ден (14 декември) од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) во содејство со полициски службеници од ОВР Гостивар во координирана полициска акција разбиена е организирана криминална група, со што е пресечен меѓународен транспорт за недозволена трговија со дрога при што се запленети околу 100 кг марихуана во вкупна вредност од 300.000 евра.
МВР соопшти дека во текот на денешниот ден (15 декември), Одделот до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе кривична пријава против четири лица, од кои три се од Гостивар и едно од Дебар, на возраст од 30 до 47 години, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст.3 од Кривичниот законик.
„Со цел да се стекнат со противправна имотна корист, во периодот до декември 2021, пријавените лица набавиле марихуана, која ја сместиле во објект во гостиварско, а на 14.12.2021 дел од неа, по претходен договор ја предале на еден од пријавените, кој со товарно возило за одреден паричен надомест требало да се транспортира до Р.Бугарија“, соопшти портпаролката на МВР Сузана Прањиќ Талевска.
На 14.12.2021 околу 17.15 часот, од страна на полициските службеници при ОСОСК на патарина „Глумово“, при преглед во товарното возило „ман“ со приколка, со дебарски регистарски ознаки, биле пронајдени 19 црни вреќи, во кои биле сместени вкупно 189 пакувања со марихуана.
Истиот ден, врз основа на Наредба издадена од Судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на неколку локации во Гостивар, при што се пронајдени поголем износ пари во различни валути и апоени и предмети за истражната постапка.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022