Вести
Разбојништво на автопатот Гостивар-Тетово – Го повикале да патува со нив, па го истепале и ограбиле
Едно лице е приведено, а по две се трага поради разбојништво кое било пријавено вчера околу 13 часот во Полициска станица Гостивар. Педесетгодишниот Ф.И. од Скопје пријавил разбојнишво, извршена врз него од страна на Е.Н. и Џ.Н. и друго засега непознато лице од Гостивар. Тие му предложиле да патува со нив со возило кон Скопје, при што на автопатот Гостивар –Тетово, после наплатната станица Џ.Н го запрел возилото и го натерал да излезе за да го туркаат, објаснувајќи дека останале во дефект.
Според информациите од полицијата, кога излегле надвор од возилото лицата физички го нападнале, го турнале на земја, и од џебот на палтото му го одзеле паричникот, во кој имал лични документи и 9 илјади денари, по што си заминале со возилото.
Во 17 часот и 45 минути, од страна на Полициски службеници од ПС-Гостивар, е приведен 23 годишен прилепчанец со живеалиште во Гостивар во врска со Кривичното дело ,,Разбојништво“.
Се работи на целосно расчистување на случајот, пронаоѓање на уште двајца од учесниците, при што ќе следат и соодветни поднесоци, извести СВР Тетово.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград