Поврзи се со нас

Вести

Разговор со прим. д-р Војислав Огњаноски, епидемиолог

Објавено

на

Секс без заштита, честа промена на партнери, користење на исти игли и шприцеви – ризик за добивање ХИВ/СИДА

По повод Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, 1-ви декември на оваа тема разговаравме со прим. д-р Војислав Огњаноски, епидемиолог во гостиварскиот Центар за јавно здравје. Во светски рамки секои 17 секунди се регистрира по 1 нов случај, а секој ден по 5000 нови случаи на лица со ХИВ/СИДА. Досега од болеста умреле 35 милиони луѓе во светот. Во Република Македонија од појавата на првиот случај во 1987 година до 31 октомври 2017 се регистрирани 352 лица со ХИВ/СИДА.

Светот денес го одбележува Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА. Каква е состојбата со ова заболување на гостиварските простори?

Огњаноски:  Во регионот Гостивар се регистрирани седум лица со ХИВ/СИДА. Првите три случаи болни од СИДА се регистрираа во 2005 година, потоа во 2006 г. се регистрира уште еден болен од СИДА, па во ноември 2011 г. лице ХИВ позитивно и во март 2016 беа регистрирани последните два случаи хив позитивни. Од четирите  заболени од СИДА, едно лице е веќе починато што значи моментално во нашиот регион живеат шест лица со ХИВ/СИДА. Во однос на полот четири лица се од машки, три лица се од женски пол. Во однос на местото на живеење две лица се од град, пет лица се од село. Во однос на возраста над 60 години-едно лице, од 50-59-едно лице, 40-49-три лица, од 20-29-едно лице и од 10-19-еднолице. Во однос на начинот на заразување, шест се заразени по хетеросексуален начин, додека еден случаи е од мајка на дете.

Што е најважно во однос на превенцијата на ХИВ/СИДА?

Огњаноски: Секоја индивидуа треба да сфати и прифати дека е должна во интерес на сопственото здравје, во интерес на личната егзистенција, во интерес на својата блиска и подалечна околина, добро да се информира за СИДА-та како болест и како опасност за општеството. Не постојат ризични групи, туку ризично однесување. Опасноста од ХИВ вирусот демне секојдневно и никогаш не се знае со каков интензитет може да се прошири. Како превентивни мерки се препорачуваат: практикување на сигурен сексуален однос со употреба на кондом, избегнување на честа промена на партнери и сексуални врски за една вечер, користење на игли и шприцеви само за една употреба, користење на заштита при допир со туѓа крв и секрети, секогаш да се користи само свој прибор за лична хигиена, здравствените работници секогаш при својата работа треба да користат ракавици, маски, очила,  стерилни инструменти, за лична заштита но и за заштита на пациентите. Во недостиг на ефикасен лек за излекување од СИДА и ефикасна вакцина која ќе заштити од оваа болест, информирањето е тежиште на одбраната против оваа заразна болест.

Во вашата служба се вршат анонимни и бесплатни тестови за откривање на вирусот на ХИВ. Има ли интерес за проверка и за кои групи граѓани особено се препорачува да го проварат својот ХИВ статус?

Огњаноски: ХИВ инфекцијата не дава никакви симптоми и знаци. Заради тоа се апелира проверка на ХИВ статусот за сите кои имале ризично однесување, особено интравенските корисници на дрога, мажи кои имаат секс со мажи, сексуалните работници итн. Интересот овде кај нас не е голем, но мора да потенцирам дека тестови се прават и во мобилно комбе како проект на невладината ХЕРА каде е вклучен и наш претставник и поголем број на лица го избираат тој начин за да извршат тестирање.

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
1 Коментар

1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена