Поврзи се со нас

Гостивар

Разговор со Арта Арифи Креци, психолог во Дневен центар за деца со посебни потреби во Гостивар

Објавено

на

„Изолацијата ги погодува децата со попречености, на родителите им е неопходна поддршка“

 

Пандемијата со Ковид 19 го поремети животот на сите луѓе. Сепак за ранливите групи, како децата со посебни потреби и нивните семејства, новата состојба донесе дополнителен товар и сложени предизвици.

Дневниот Центар во Гостивар кој згрижува петнаесетина деца со попречености е затворен веќе три месеци. На децата им е скратена можноста да се социјализираат, да се дружат, да бидат дел од  разни активности со поддршка на стручни лица, како што биле претходно навикнати секојдневно.

На оваа тема разговаравме со Арта Арифи Креци, психологот од центарот.

„Тие деца се научени на социјализација. Во овој период поради изолацијата кај децата се очекува општ застој, ќе се јави непожелно однесување и застој во когнитивните способности.“, вели психологот.

Комуникацијата на тимот од Дневниот центар со родителите сега се одвива телефонски. Им се даваат совети, им се посочуваат одредени активности кои може да ги прават со децата во домашни услови и слично.

„Од самото затворање на Центарот ние сме во контакт со родителите, на семејствата коишто побарале и имале потреба им даваме психо-социјална поддршка, се обидуваме да ги ангажираме родителите да им организираат на децата некакви активности, но увидовме дека им недостигаат дидактички материјал. Така, во соработка со Министерството за труд и социјала и УНИЦЕФ обезбедивме такви средства кои им беа поделени, за да можат и во домашни услови да спроведат некоја активност.“, објаснува Арифи Креци додавајќи дека периодов најважно е родителите да обрнат внимание на мерките за заштита од коронавирус, но и да ги ангажираат децата според можностите.

„Ги советуваме како најпрво да ги заштитат своите деца, затоа што тие не се во можност самите да ги почитуваат тие мерки како држење дистанца, маски и хигиена на тоа ниво како што се бара и слично. Да поминуваат квалитетно време со нивните деца, да се обидат да ги ангажираат за да не дојде до голем застој во развојот и едукацијата.“, вели психологот.

За сега не се знае до кога Дневниот центар во Гостивар ќе остане под клуч. Во меѓувраме есе тимот во соработка со Министерството за труд и социјала и со УНИЦЕФ подготвува посебен протокол под кој ќе се работи, кога ќе се создадат услови за отворање на установата.

 

 

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 8 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 10 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 11 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 12 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 13 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 14 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 15 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена