Поврзи се со нас

Живот

Разговор со Билен Карахасан, психолог во Центар за социјална работа – Гостивар

Објавено

на

„Секој обид за самоубиство мора да се сфати како повик за помош“

Девојка заврши на Ургентното одделение откако се затрула со поголема количина апчиња. Маж со симптоми на труење од лекови пренесен во болницата за медицинска помош. Ваквите информации не се реткост во полицискиот билтен за гостиварскиот регион. Изминатиот период беа и зачестени. Иако, во најголем дел од случаите со навремена лекарска интервенција, обидите за самоубиство поминуваат без сериозни телесни последици, психолозите предупредуваат дека таков чекор е знак на криза на личноста и дека е неопходна стручна помош. На оваа тема разговаравме со Билен Карахасан, психолог во Центарот за социјална работа во Гостивар.

Изминатиот период на гостиварското подрачје беа забележани повеќе случаи на труење со лекови. Што мора да се преземе откако таквите лица ќе добијат лекарска помош и ќе се отстранат телесните последици?  

Карахасан: Пролетта како сезона е период во кој знаат да избувнат разни видови на проблеми и многу е очекувано во пролет да се појави овој феномен. Во однос на самиот феномен, ние како општество немаме добри капацитети, односно не покажавме добра ефективност за вакви случаи. Секако дека тие луѓе кои ќе бидат третирани во болница после некој обид на самоубиство, задолжително треба да разговараат со некое стручно лице, да се советуваат, како тие самите, па и целото семејство. Значи сите лица, па макар и оние кои не сакаат доброволно, семејството треба да ги натера да побараат помош од професионалец. Ние во Центарот имаме служби, психолози, социјални работници, педагози, луѓе кои работат со овие проблематики.  Секако и медицинските установи имаат обврска да реагираат на ваквите случаеви и секој забележан случај на обид за самоубиство да биде препратен на психијатриски оддел, каде исто така има стручни лица кои може да помогнат. Во секој случај еден од десет обиди да заврши фатално е трагедија за сите нас, ние како општество сме должни да внимаваме. Ова нека биде како еден апел до семејствата, блиските, пријателите сите да се вклучат за помош кога постои ваков проблем.

Што кажува вашето искуство во однос на натамошниот третман на лицата кои се обиделе да посегнат по својот живот. Колку тие и нивните семејства покажуваат интерес да се советуваат, дали постои свест дека стручната помош е неопходна?

Карахасан: Самиот чин на самоубиство или обид е еден вид на апел, свесен или несвесен, кон блиските, кон семејството или кон некое свое внатрешно его, дека на таа личност и е потребна помош, бидејќи добар дел на вакви обиди се токму тоа, повик за помош. Тоа зборува за самиот феномен, тие луѓе праќаат порака дека не можат сами да го решат проблемот што го имаат и бараат помош од средината, која без тој крик не покажува слух и затоа го одбираат тој непопуларен начин. Не можеме да кажеме дека тоа е глупост, секој обид за самоубиство има своја функција и општетсвото треба да е загрижено, да обрне внимание, затоа што тоа може да се повтори на идниот поголем стрес и да заврши фатално.

Зошто е табу да се зборува на оваа тема?

Карахасан: Да, кај нас се уште е табу да се зборува за психичките кризи кои доведуваат до такви очајни чекори. Феноменот на самоубиство е сложен, има многу свои аспекти и е недоволно истражен. Ние како култура сме се` уште затворени за оваа тема, ги криеме ваквите работи, што пак може да доведе до фатален исход. Новите трендови, промената на вредностите, тоа што се пласира по медиумите и низа други фактори придонесуваат некои лица да одберат својот проблем да го „решат“ на тој начин. Во случаи на обиди на самоубиство, ние како служба интервенираме, ги советуваме, нудиме поддршка на овие семејства и најчесто ги упатуваме понатаму да продолжат да посетуваат некои други поспецијализирани установи. Ако ние процениме дека проблемот кој се случува во семејството ги надминува нашите капацитети, ги упатуваме во Тетово, Скопје и сл.

Сподели ја веста:
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

- Монтенегро ДОО Гостивар
- Клуб Спорт 77
- Млекара Маврово с.Ижиште
Гостиварпред 4 недели

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

Македонијапред 5 дена

Денеска е Летник

Македонијапред 2 дена

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 1 недела

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 2 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 3 недели

Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис

Гостиварпред 3 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Гостиварпред 4 недели

„Пациенти“ во Гостивар, урнебесна комедија за брачните „војни“

Гостиварпред 4 недели

Гостивар во спомен на 8 децении од смртта на херојот Злате Малаковски и Февруарскиот поход

Гостиварпред 4 дена

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 2 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 3 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 3 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 6 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 7 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 7 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена