Поврзи се со нас

Живот

Разговор со д-р Ферит Муча, педијатар во општата болница во Гостивар

Објавено

на

Сезона на алергии на полен – секое четврто дете е алергично

Пролетта е време кога алергиите интензивно напаѓаат. Педијатрите бележат зголемување на бројот на деца кои страдаат од алергии на полен. Во гостиварската болница  периодов секојдневно се обраќаат родители за помош, поради алергиски реакции кај децата. На оваа тема разговаравме со д-р Ферит Муча, педијатар на детското одделение во болницата во Гостивар.

Пролетта е сезона на алергии. Кажете ни кои се симптомите на алергии и како да ги разликуваме од настинките и вирозите?

Д-р Муча: Во пролет започнува и цветањето на дрвјата и тревата, со што се зголемува концентрацијата на разни врсти честички полен во воздухот и во контакт со децата кои се алергични настануваат алергиски заболувања. Во нашата болница веќе се јавуваат голем број на пациенти со алергии. Најчесто се работи за алергиски ринит кој се манифестира со течење и чешање на носот,  кивање, црвенило, солзење и чешање на очите, а може да се јави и суво кашлање, па и тешкотии при дишењето, што значи дека се фатани и долните дишни патишта.  За правилно да се лекува пациентот нормално, мора точно да се знае дали станува збор за алергија или вироза, кои може да имаат слични симптоми. Разликата е тоа што вирозите даваат и темпаратура, освен течење на нос, кивање и слично и тие траат од 5 до 7 дена. Алергиите немаат температура и траат подолго време, се додека алергенот е присутен во воздухот. Значи може да траат со месеци. За да знаеме кој е точно причинителот на алергијата мора да направиме алерголошки тестови кои се прават и во нашата болница, преку крв или преку кожа. Со тоа можеме точно да идентификуваме за која врска на поленска алергија станува збор, дали е полен од дрвја, од трева или полен од коров. Според тоа ќе знаеме и во кои месеци алергиите се поактивни, на дрвја се во април и мај, на трева во јуни, додека на коров се поактивни во есенски месеци.

Како се лечкуваат алергиите кај децата и кои мерки треба да ги преземат родителите за да им помогнат во подобрување на здравстевната состојба?

Д-р Муча: Со оглед на тоа дека се работи за генетско заболување, најголемо внимание треба да се обрне на ублажување на симптомите. Терапијата обично се состои од антихистаминици, се даваат капки за нос, физиолошки раствор за да се прочистува носот, а за потешки случаи се даваат и спрејови со кортизон. Родителите најважно е да преземат мерки за детето да не доаѓа во контакт со алергенот, што реално е многу тешко затоа што алергенот е присутен во околината. Обично алергичните деца не треба да излегуваат надвор претпладне, затоа што концентрацијата на поленот тогаш е доста поголема. Исто е и кога времето е суво, топло и при ветер. Попладне концентрацијата на полен се намалува и тогаш децата може да излегуваат да си играат. Помалку полен има и кога е постудено, повлажно и на дожд. Кога децата се внатре, треба да се затвораат прозорците и вратите. Со тоа ќе му помогнеме на детето да му се ублажат симптомите, инаку да исчезнат комплетно не може.

Зошто алергиите треба да се сфатат сериозно, какви компликации може да се појават доколку не се лекуваат навреме?  

Д-р Муча: Мора да се лекуваат навреме затоа што може да се јават хронични заболувања, компликации како синузит, воспаление на средно уво, а околу 4% од децата развиваат бронхијална астма. Затоа треба навреме да се препознаат симптомите, да се дијагностицира, за да знаеме точно за што се работи и да се преземат соодветни мерки.

Вие имате долгогодишно искуство како педијатар, која е вашата оценка дали низ годините има зголемување на бројот на алергични деца?

Д-Р Муча: Од година на година расте бројот на заболени деца и воопшто на популација која страда од алергии. Може да се каже дека секое четврто дете има алергија, а проценките се дека за околу 20 години, секое второ ќе биде алергично. Тоа е генетско заболување, се наследува од родителите, но влијаат и климатските промени, па така доаѓа до се поголем број на деца со алергиски заболувања.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена