Интервју
Разговор со Луан Зенки, директор на Центар за култура АСНОМ во Гостивар
Ланската година заокружена со околу 150 настани и неколку значајни зафати
Во годината што измина, Центарот за култура во Гостивар беше средиште на многу настани од различни области на културното живеење. Имавте свои проекти, но и доста гости кои донесоа свои настани пред гостиварската публика. Кога гледате наназад на една заокружена 2017-та, која е вашата оценка за тоа што го сработивте како културна институција?
Луан Зенки: Ако треба да се каже со една реченица, тогаш би рекол: имавме бурна, но многу успешна година. Во Центарот за култура лани се одржаа околу 150 настани, бројка која нас не прави навистина горди. Ги имаше најразлични, изложби од кои дванаесет според Програмата, но и други плус, потоа концерти, драмски изведби итн. Нашите соработници придонесоа да ја збогатиме понудата. Во соработка со Театар Дунек, на пример направивме дури четири премиери за кои имаше голем интерес од публиката.
Како успешен настан можам да го издвојам Театарскиот фестивал „Отело“ со учество на драмски групи од Македонија, Косово, Албанија, кој се надевам дека ќе стане традиционален. Може да кажам дека сцената во Гостивар беше шаренолика, затоа што организиравме и рок концерти и вечери на класична музика и фолклорни манифестации. Би го споменал и поетскиот фестивал Литературни искри, како и библиографијата „Гостиварски автори“ на нашата колешка Теута Османи. Како посебно интересни лани може да се издвојат манифестациите коишто странските земји ги донесоа во нашата институција, како на пример свеченоста по повод Денот на независноста на Кина. Тоа покажува дека и ние како институција и гостиварци како публика стануваат привлечни за прикажување на различната култура од сите страни на светот.
За да има настани и публика треба да постојат и соодветни услови. Што минатата година презедовте во правец на подобрување на состојбата на самиот објект, на салите…?
Луан Зенки: Во 2017-та имавме три покапитални инвестиции. За нас како институција е многу важни што го средивме задниот дел, значи делот на старата библиотека. Таму беше еден вид депонија. Добивме проект од Министерството и еве денес наместо хаос, таму има убав широк пат, кој не го користиме само ние, туку и сите граѓани. Сега може да здивнеме со оглед тоа што целата зграда надворешно е комплетна. Што се однесува до внатрешноста интервениравме на таванот во големата сала. Беше крајно време да се стегне и да престанат проблемите со прокиснување. Третата значајна работа беше средување на осветлувањето. До скоро, театарската сцена ја крпевме со осум рефлектори, а сега веќе имаме функционални 29 рефлектори. Тоа не прави подготвени да одговориме на потребите за било каква драмска претстава.
Секоја година се занимаваме и со затоплувањето, но секако потребна е помош и поддршка. За во 2018 има интерес во Министерство за култура да помогнат големата сала да биде уште потопла и покомотна, па во постудените месеци ќе бидеме подготвени да имаме настани секој ден.
Што може да очекуваме во новата година?
Луан Зенки: Нема дилема дека ќе продолжиме да работиме со полна пареа. Сепак за конкретни настани, манифестации, проекти е рано да се зборува. Во текот на овој месец очекуваме одговор кои наши настани ќе влезат во годишната програма на Министерството за култура , па ќе ги знаеме подетално насоките. Тоа што можам да го откријам е дека крајот на јануари ќе биде исполнет со богата филмска понуда за гостиварци.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија