Поврзи се со нас

Живот

Разговор со Моника Наумоска, психолог во гимназијата во Гостивар

Објавено

на

„Родителите да ги остават мобилните и повеќе внимание да им посветат на децата“

 

Последниот случај со групата „Јавна соба“ на мобилната апликација Телеграм, во која се споделувале експлицитни фотографии и видеа на малолетни девојчиња го запали црвениот аларм. Во јавноста владее вознемиреност од информациите дека членовите секојдневно споделувале материјали со контроверзни содржини, а ги наведувале и имињата на девојчињата и од кој град доаѓаат. Дел од фотографиите биле превземани од отворени профили на социјалните мрежи, а некои биле препраќани преку приватни профили во пораки.

Стручните лица предупредуваат дека родителите мора да бидат во тек со интернет активностите на нивните деца, за да ја зголемат безбедноста и дека отворената комуникација на релација родител-тинејџер треба да се стави на прво место.

За предизвиците со кои се соочува семејството во денешно време, пропустите на родителите во воспитувањето на тинејџерите, зависноста од интернетот и врсничкото насилство разговаравме со Моника Наумоска, психолог во гостиварската гимназија.

Gostivarpress.mk:Живееме во дигитално време кое ни носи чувство дека се` функционира на копче, во мрежи, кога на виртуелниот свет му се дава поголема важност отколку на реалниот. Каква е улогата на семејството и родителот во целата таа приказна?  

Наумоска: Користењето на интернет во последно време стана нешто што е најдоминантно, како начин на однесување. Тоа ги запоставува сите останати социјални активности кои природно треба да бидат секојдневие и дел од нашето здраво живеење. Таквото енормно користење на мобилни телефони, таблети, компјутери всушност потполно го менува концептот на родителство. Родителот во денешно време добива и нова улога, мора да биде запознаен со сите новитети коишто постојат во ова дигитално време, за да знае како да реагира, да биде информиран и да му посочи на детето кои се добрите, а кои лошите страни на технолошките придобивки. Сето тоа со цел, секако да ја зголеми безбедноста на своето дете.

Gostivarpress.mk: Кое е вашето мислење, каде да се бара коренот на се` почестото застранување на младите и кршливите морални вредности?

Наумоска: Темпото на живеење всушност е промногу брзо и наметнува поинаков начин на однесување на целото семејство. Во денешно време не постојат традиционални семејства и сликата за семејството е сосема поинаква од претходно. На пример родителите на секое место и во секое време го користат интернетот и тоа децата го гледаат, тоа се случува пред нивните очи. Денешното семејство функционира по принципот „сите заедно-но, секој сам“, затоа што сите се во тој некој свој виртуелен свет, иаако се физички заедно. Така, децата добиваат многу намалено внимание од родителите и се чувствуваат како помалку вредни во одредени ситуации, па им се наметнува некоја потреба да комуницираат и да ги изразуваат своите емоции со некој виртуелен пријател, затоа што не можат тоа да го остварат во средината кадешто треба, а тоа е секако домот.

Gostivarpress.mk Вие работите токму со тинејџери, кои се наоѓаат во многу ранлива фаза во животот. Што кажува вашето искуство, какви се нивните меѓусебни односи, колку се негува пријателствто и дали врсничкото насилство е се` поприсутно?

Наумоска: Има секакви примери, но врсничкото насилство секогаш постоело, тоа е факт. Го има и денес во облик на навреди, омаловажувања, и тие деца што се поповлечени немаат механизми на одбрана. Дури честопати самите се чувствуваат виновни, а тие всушност се жртви и токму поради тоа чувство на вина немаат сила да се спротивстават, да проговорат јавно за проблемот. Тука е сржта, таа повлеченост и неможноста да се справат, но затоа треба постојано да се разговара со нив и да се работи. Без оглед дали е тоа „булинг“ во реалниот или во виртуелниот свет.

Gostivarpress.mk: Целата јавност е видно згрозена и вознемирена од последните случувања со интернет група на која се споделувале интимни фотографии и видеа од девојчиња. Кој би бил вашиот совет до родителите и младите во однос на ваквите појави?

Наумоска: Родителите да го намалат користењето на интернет, а повеќе внимание да посветуваат на своите деца, да комуницираат со нив. Времето во кое живееме прави да бидат ретки оние моменти кога семејството е заедно и тие моменти секој родител треба да ги перцепира сериозно како драгоцени и правилно да ги искористи. Да разговара со своето дете, да дознае повеќе за неговите чувства, за тоа што му се случува во животот. Би им препорачала, да не поставуваат општи прашања од типот: Како го помина денот, на кое детето ќе одговори со „добро, ок“ и тука ќе заврши комуникацијата. Многу подобро е да го прашате детето: Што денес најмногу те налути? Што те израдува? Раскажи ми..И тука детето добива простор да каже повеќе, за случките, за личностите со кои се дружи, за своите емоции, ставови, доживувања. Тоа дава можност родителот да поставува и други потпрашања од кои уште повеќе ќе извлече од детето и тоа ќе му се отвори. Друго, би сакала да ги советувам родителите: Кога детето ќе згреши, ќе направи или предизвика нешто погрешно, треба да внимаваме како се однесуваме со него. Не смее да има притисок, навреди, демотивирање, игнорирање, затоа што така детето уште повеќе ќе се чувствува несакано, бариерата меѓу родителот и детето ќе расте, а ѕидот на доверба ќе се руши. Така, тогаш и кога детето ќе биде и жртва на било каков тип на насилство, ќе реши да сокрие и нема да му се довери на родителот, туку ќе премолчи затоа што ќе се чувствува виновно. Исто така, модерното време носи нови предизвици за родителите, па ако во минатото ги советувавме децата не зборувај на улица со непознати, не влегувај во автомобил со непознати, тогаш денес треба да ги предупредиме дека стапување во комуникација со лица на интернет може да биде опасно. Постојат интернет предатори чијашто цел е да ја загрозат безбедноста особено на малолетниците. А кога некој на децата ќе им испрати експлицитна содржина, фотографија и слично, не треба тоа да го кријат и да чувствуваат вина, туку напротив, да го алармираат родителот. Тоа ќе се случи само ако има доверба и отворена комуникација во семејството.

Сподели ја веста:
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Клуб Спорт 77
Гостиварпред 4 недели

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

Македонијапред 5 дена

Денеска е Летник

Македонијапред 2 дена

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 2 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 2 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 3 недели

Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис

Гостиварпред 3 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Гостиварпред 4 недели

„Пациенти“ во Гостивар, урнебесна комедија за брачните „војни“

Видео емисиипред 3 недели

Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Гостиварпред 5 дена

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 2 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 3 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 3 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 6 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 7 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 7 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена