Поврзи се со нас

Интервју

Разговор со Тони Ефремоски, директор на Средно економско училиште во Гостивар

Објавено

на

„Ги подготвуваме учениците да бидат конкурентни на пазарот на труд и да ги совладаат идните предизвици“

– Утре стартува првото пријавување за упис на полуматурантите во средно.  Кои струки и профили ги нуди економското училиште?

Ефремоски: Со новото реформирано техничко образование што ќе се  имплементира од учебната 2019/2020 год. во нашето училиште како стручно училиште на учениците кои ќе го одберат нашето училиште за нивно натамошно образование им се нуди струка: Економија, право и трговија, а од образовните профили ќе бидат застапени економски техничар, правен техничар и бизнис администратор.

 – Реалност е дека бројот на деца се намалува, а со години наназад средните училишта водат борба за секој ученик. Кои се вашите адути? Зошто полуматурантите да се одлучат да го продолжат образованието во економското училиште?

Ефремоски: Нашите адути се пред се: професионалност, стручност, одговорност, грижа за безбедноста на учениците, подготовка на учениците да бидат конкурентни на пазарот на трудот и добра основа за продолжување на нивното образование на која било високо образовна институција.

– Вашето училиште се вклучува во разни проекти преку кои средношколците стекнуваат нови искуства, го надоградуваат знаењето и слично. Кои би ги издвоиле и што поконкретно значат ваквите воннаставни активности за децата?

Ефремоски: Неблагодарно е да се издвои некој проект како посебен од причина што пред почетокот,а и во текот на учебната година училиштето аплицира на разни проекти кои се во интеререс и на учениците и на наставниот кадар. Преовладуваат проекти кои имаат мултиетнички карактер, проекти кои овозможуваат јакнење на отпорноста на локалните заедници на насилен екстремизам, мировно образование, преку спортот до мултиетничка кохезија, курсеви кои имаат за цел да ги оспособи учениците за самостојно донесување одлуки, менаџирање на  сопственото  и  туѓото  време,  заземање  став  во  преговорите  во  интерес  на  изнаоѓање  најдобри можни  решенија,  градење  на  квалитетни  тимови  и  водење  на  истите,  притоа  користејќи комуникациски вештини за сигурен пренос на информации, а особено презентациски вештини, што ќе ги подготви  учениците  да се носат со предизвиците на новото време и да бидат отворени за прифаќање на промените.

Тука би го истакнал и потпишувањето на Меморандумот на Средното економско општинско училиште „Гостивар“ – Гостивар со Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија со кој ќе се обезбеди развој на науката и напредок на образовниот процес преку размена на искуства, знаења, едукација со што ќе се придонесе за поголема финансиска едукација и вклученост на младите преку факултативна настава која ќе се изведува на класните часови или друга предметна настава. Факултативната настава ќе ја спроведува искусна стручна служба од Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија од областа „Вовед во пазарот на хартии од вредност“, а учениците по завршувањето на факултативната настава ќе добијат соодветна потврда за посетувана факултативна настава.

– За едно раководство на училиште и за професорскиот кадар најголемо задоволство е кога после извесно време ќе ги види своите ученици како успешни и реалиизрани луѓе. На прослава на 15 годишнина од матура сведочевте токму за еден таков пример кој е навистина мотивирачки и од кој може многу да се научи.  Кажете ни нешто повеќе околу тоа.

Ефремоски: Точно така. Нема поголема сатисфакција за професорскиот кадар, а се разбира и за раководството на училиштето кога своите ученици по извесно време од завршувањето на средното образование ќе ги види како успешни и реализирани луѓе. Таков пример е и на последната прослава на  одбележување на 15 години од завршувањето на матурата за што посведочија класните раководители. Еден од многуте успешни и реализирани луѓе кое своето средно образование го завршиле во нашето училиште е и Хајан Селмани, кој на класните раководители им ја раскажал својата успешна приказна. Тој е сопственик на компанијата ХАСЕЛТ  ИТ компанија за развој на софтверски апликации со фокус на иновативни решенија во веб, мобилни и cloud решенија. Компанијата главно работи и иновира во едни од најнапредните држави и пазари во светов кадешто напредокот на технологијата е на врвот. Истовремено тој е и сопственик на  сертификат на Microsoft MVP за Web технологии, документ кој единствено тој го има во Република Северна Македонија. Microsoft MVP (Most Valuable Professional) е почесна титула којашто Microsoft ја доделува на технолошки лидери и експерти низ цел свет.

Ова е само еден пример на успешен и реализиран човек кој средното образование го завршил во нашето училиште. Исто така, има и многу други наши ученици кои сега се професионалци во својата област, како менаџери, професори, претприемачи, банкари, сметководители, адвокати, судии, а исто така и успешни инженери, архитекти и.т.н.

И Вие идни генерации кои ќе се одлучите да за запишете во нашето училиште ќе бидете дел од сите овие успешни и реализирани луѓе.

Не двоумете се! Ваш иден избор нека биде Средното економско општинско училиште „Гостивар“ – Гостивар.

Ве очекуваме на 17 и 18 јуни, 2019 година.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Жител на Скудриње однесен починат во болница, според пријавата паднал од дрво, партнерката сакала да ја напушти земјава

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе биде претставен електричен автобус, граѓаните ќе може бесплатно да се повозат

Гостиварпред 3 недели

Владата за Гостивар одобри 2,7 милиони евра за 13 проекти-Еве што ќе се реализира

Гостиварпред 4 недели

Различни резултати за водата во Гостивар, се вршат плус анализи во Скопје за дефинитвно да се знае дали може да се пие

Гостиварпред 1 недела

Општина Гостивар ќе додели 100 ваучери за бесплатна мамографија, се прават напори болницата да добие мамограф

Магазинпред 4 недели

Колку долго трае еден акумулатор, зошто откажува и како да трае подолго?

Гостиварпред 2 недели

Розов мини маратон во Гостивар посветен на Силвана и Наташа-Поддршка за сите кои се борат со карцином на дојка и почит кон жените кои ја изгубија битката!

Гостиварпред 5 дена

Две жени пријавиле напад на работното место во Општина Гостивар

Рецептипред 4 недели

Искористете ги сезонските јаболка за домашен јаболков оцет

Гостиварпред 2 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 3 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 7 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 8 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 10 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 10 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 11 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 11 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 1 година

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Огласи за работа:

- САБАХ Трејд ДООЕЛ Гостивар
- Хотел КЕТА Маврово

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена