Гостиарски
Разговор со учителките од Гостивар, Зора Илиевска и Виолета Алигега Рамадани по повод Светскиот ден на учителите
Објавено
пред 4 месецина

Денешниот датум 5-ти Октомври се одбележува како Светски ден на учителите. По тој повод за професијата, доживувањата со учениците и предизвиците поразговаравме со две учителки: Зора Илиевска од ОУ „Гоце Делчев“ и Виолета Алигега Рамадани од ОУ „Единство“.
Gostivarpress.mk: Зошто ја избравте професијата учителка?
Зора Илиевска: Затоа што многу ги сакам децата и нивната искреност секогаш ме привлекувала работата со деца.
Алигега Рамадани: Најпрво сакам да им го честитам празникот на сите колеги. За изборот на професијата, мислам дека и генот има улога, затоа што мојот татко бил просветен работник. Ако се родам повторно, повторно би била учителка.
Gostivarpress.mk: Какво е искуството кога се работи со деца и што е најважно во работата со деца?
Зора Илиевска: Во образование сум веќе 33 години и во ниту еден момент не сум се покајала што ја избрав оваа професија. Искуството е големо секојдневно се соочуваш со различни деца и различни особини. Во секој момент треба да знаеш како да постапиш со предизвиците и секогаш треба да будеп подготвен за нивните разновидни прашања. Пред се треба да го научиш темпераментот на секое дете и треба да бидеш спремен што да очекуваш од секое одделно.
Алигега Рамадани: Ова е најблагородната мисија. Да работиш со дете е нешто најубаво. Тие се најранливи, а истовремено и најискрени и навистина е предизвик да им допреш до душата. Јас многу ги сакам и почитувам децата. Им пристапувам на таков начин, како и тие мене, со многу љубов и искреност. Никогаш не заборавам дека тоа се деца и тие ќе растат, а ние пак старееме.
Gostivarpress.mk: Споделете со нас некои моменти кои најмногу ги паметите од својата кариера како учителка…
Зора Илиевска: Секој ден се соочувам со различни моменти. Некои се смешни, а некои тажни. Во моето работно искуство за голема среќа повеќето се смешни.Одамна во една генерација имав ученик кој беше од сиромашно семејство и секој вторник беше отсутен на часовите. Еден ден го повикав и го прашав зошто не доаѓа во вторник на училиште? Ја наведна главата очите му се наполнија со солзи и тивко ми рече дека неговото семејство е сиромашно и дека тој сака да им помогне, затоа секој вторник одел на пазар и разнесувал роба за да заработи пари. Во тој момент и моите очи се наполнија со солзи.Во првиот момент помислив како да му помогнам. Оваа случка нема никогаш да ја заборавам. Во нашата професија има многу емотивни моменти. Се радувам на сите нивни успеси и им давам максимална поддршка на секое поле.
Алигега Рамадани: Секако, случки и доживувања имаме секојдневно и во училниците и во училишниот двор. Сакаме да ги паметиме тие што се најпозитивни, тие што им донеле некоја радост на децата. Тоа за мене се моментите на пречекување на децата, кога родителите ги носат до училиштето и кога јас како учителка гледам дека дечињата среќни влегуваат внатре. Сакаат да ме прегрнат, внимателно ме слушаат и ги прифаќаат моите совети. Детската искреност нема цена, а кога ќе почувствуваш дека си ја добил нивната доверба и дека дури и јадењето сакаат да го поделат со тебе, навистина тоа е најголемото богатство за една учителка.
Gostivarpress.mk: Сега имаме поинакви услови за настава заради пандемијата, како децата и вие како наставен кадар го прифаќате тоа?
Зора Илиевска: Во ова време на пандемија со кое се соочува целиот свет и кај нас не остана незабележано. Почитувајќи ги протоколите сега за сега успешно се справуваме со ситуацијата во која се затекнавме. Децата ги почитуваат мерките за заштита исто како и ние професорите. Голема благодарност на родителите за соработката и за разбирањето во врска со условите за работа. Благодарност до директорот и до педагошката служба за условите што ни ги овозможија.
Алигега Рамадани: Јас сум учителка од 20-ти век, а сега за прв пат се среќавам со ваква ситуација. Не е мое да зборувам за пандемијата и вирусот, има стручни лица за тоа. Но, во однос на протоколите, може да кажам дека децата веќе се навикнаа, знаат дека треба да се носи маска, да се држи дистанца, ги миеме рачињата често. Едноставно тоа се прифати и така мора да работиме. Се трудам сите тие правила на децата што повеќе да им ги објаснувам преку игра, песна, на некој интересен начин и така полесно учиме и се навикнуваме на мерките.
АНКЕТА:

Охриѓанец во Гостивар лажел дека е од Америка и не сакал да се легитимира

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

Одбележување на Водици во Гостивар согласно мерките за заштита од ковид, сепак традицијата не се прекина

Голем православен празник Богојавление – Водици

Бројот на активно корона заразени во регион на Гостивар падна на 332

Од полноќ поскапуваат горивата

Во подготовка е долгорочен план за управување со дивокозите во НП Маврово

Гостиварец ја нападнал сопругата, приведен е во полиција

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

(ВИДЕО) Локал крај патот Тетово-Гостивар полн со танчерки и гости, најден е и пиштол

Какво време не‘ очекува оваа работна недела?

Од полноќ нови цени на горивата

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 1 месец
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар во тага, го загуби доктор Трајче Нешковски
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Спортпред 3 месеци
Важни победи за ФК Гостивар и Вардар Форино во 7.коло во 2МФЛ
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка