Поврзи се со нас

Македонија

Разговори за минималната плата меѓу Владата и синдикатите

Објавено

на

    Прашањето за зголемување на минималната плата повторно се актуелизираше откако синдикалните претставници вчера беа повикани на состанок во Владата со премиерот Христијан Мицкоски. Владата останува на ставот дека ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите што ќе биде постигнат во рамки на економско-социјалниот дијалог, а останаа и спротивставените барања и ставови на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). Повторен е и ставот дека нема можности за субвенцонирање на платата која ССМ бара да биде 30.000 денари, а за која КСС смета дека ќе опфати мал дел од вработените. Најавено е дека за една недела ќе се утврди репрезентативноста на синдикатот и ќе почне со работа Економско-социјалниот совет, како и дека ќе има ревидирање на одредни членови во Општиот колективен договор за јавниот сектор.

    По последното усогласување на минималната плата со нето износ од 1800 денари согласно законските одредби, што стапи во сила од почетокот на месецов, и реакцијата на ССМ за едностраност во одлучувањето од страна на Владата без консултација со синдикатите,  претседателот на ССМ Слободан Трендафилов по вчерашниот состанок оцени дека има волја за наоѓање решение за прашањата за стандардот на работниците. Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Благоја Ралповски пак го оквалифкува барањаето на ССМ за 30.000 денари минимална плата како популизам бидејќи со него ќе бидат опфатени само дел од вработените во државата.

    – Работниците во Македонија немаат толку голем проблем со Владата, колку што имаат со останатите синдикати. Единствено Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги истакна барањата на работниците, вклучително растот на минималната плата, растот на сите останати плати, како и почитувањето на општиот колективен договор за јавниот сектор и потребата од зголемување на платите во јавниот сектор за 12,6 проценти. Владата во овој момент не е против зголемувањето на минималната плата, а се разбира дека разговаравме и за зголемување на платите во останатиот сектор, особено за министерствата за кои ССМ и Синдикатот на УПОЗ веќе неколку недели преговарат со Владата, односно она што го бараат работниците додаток на плата за 30 проценти, изјави Трендафилов.

    Истакна дека следниот период сите вработени во јавниот сектор треба да добијат зголемување на нивните плати, но, како што рече, другите два синдиката бараат укинување на одредбите на општиот колективен договор во процесот на растот на платите во јавниот сектор.

    Ралповски, пак, укажа дека со покачувањето на минималната плата на 30.000 денари ќе бидат опфатени само дел од вработените во државата.

    – Нашето прашање до другите синдикати беше дека со покачување на минималната плата на 30.000 денари ќе бидат опфатени 70.000 или 80.000 вработени од 700.000 вработени во државата. Го прашавме претседателот дали се спремни на почитување на Законот на минимална плата имаме колективни договори на ниво на гранка и дали се спремни сето тоа да го субвенционираат и дали можат да го издржат сето тоа, затоа што ние и во минатото и сега бараме само почитување на законите и колективните договори. Она што ССМ го бара е популизам, изјави Ралповски.

    На состанокот бил повторен и ставот на Владата дека не е спремна да ги субвенционира платите. – Владата изјави, на чело со премиерот, дека не се спремни да ги субвенционираат платите, затоа што имаат законска обврска сите плати во јавниот сектор потоа да се покачат, дека немаат толкаво предивдено покачување во буџетот, тоа ќе биде огромен товар и дека ќе имаат проблеми со меѓународните фактори кои што се кредитори на оваа земја.

    Од Владата  по состанокот со синикатите го повторија ставот за минималата плата и посочија дека се разговарало и за колективниот договор и репрезентативноста на синдикатите.

    – Ставот на Владата во врска со зголемувањето на минималната плата е јасен и поврзан со закон. Имено, согласно закон Владата е обврзана да го определи нивото на минималната плата најдоцна до 31 март. Владата ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите, во моментот кога тој ќе биде постигнат во рамките на економско социјалниот дијалог, соопшти Владата истакнувајќи дека останува партнер на работниците и работодавачите и подготвена е на дијалог во секој момент кога тоа ќе биде побарано од страна на страните во процесот.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 8 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 11 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 13 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Македонијапред 16 часа

    За случајот „Онкологија“ обвинети двајца екс директори и четворица лекари

    Македонијапред 18 часа

    Просечната плата во март 44.763 денари, објави ДЗС

    Гостиварпред 19 часа

    Огнен Аќимоски од Гостивар освои 1 место на државниот натпревар по географија со максимални 100 поени

    Гостиварпред 21 час

    Економското училиште во Гостивар ги промовираше образовните насоки – По 3.500 денари стипендија месечно за секој ученик

    Светпред 22 часа

    Силен земјотрес во Грција, издадено предупредување за цунами

    Видео емисиипред 2 дена

    ВИДЕО | Дојди во Врбен – Во прегратка на планината, во душата на зеленилото!

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена