Поврзи се со нас

Деца Родители

Развој на детскиот цртеж

Објавено

на

Првата шара детето ја прави  во оној момент кога ќе сфати дека со моливот остава траги на листот. Првата развојна фаза на цртежот се нарекува шарање, оваа фаза нема некое посебно значење, таа исклучиво преставува израз на моторичка игра  оваа фаза започнува околу втората година. Гезел утврдил дека детето од втората година детето започнува со четкица да мачка по хартијата.

Фаза на симболичко цртање  –  оваа фаза се јавува помеѓу третата и шестата година и е во  тесна врска со детското познавање на светот и неговото ликовно изразување . Детето во овој период светот го доживува како целина, детето најчесто не ги запазува поедините делови кои се составен дел на целината така да тие делови и често се изоставени од цртежот. Првата симболичка фигура е кругот, тој прв круг потоа добива очи, уста, нос. Во овој период на симболичко цртање детето не е во можност да спои вертикален со хоризонтален  правец. Бидејќи детето нема развиено логички конкретни заклучоци тоа не е во можност да ја прифати просторната оддалеченост и координативниот систем.

Премин кон реалистичко цртање  –  значајни промени во детскиот цртеж може да се запазат од шестата до десетата година. Во тие промени доаѓа со усовршување на симболичкото цртање. Детето во оваа фаза е насочено кон запазување на деловите од кој е составена целината. Детето постојано нешто додава во своите цртеж  , до десетата година детето постојано го надополнува цртеж. Детето од оваа возраст во цртежот внесува и одредена динамика. Овие цртежи на прв поглед изгледаат неспретни.

Низ искуството детето сознава дека било кој предмет може да го користи како справа за мерење, предметите ги споредува, нивните делови, оддалеченоста  со логичко размислување донесува заклучоци за просторните односи , на тој начин се развива детската перспектива  –  социјалната и просторната. Оддалечените предмети ги преставува не само од свое видно поле туку и од видното поле на другите. Откривањето на просторните односи  на детето му задава тешкотии во цртањето. Овој аспект на детското цртање е присутен до осмата година. Од осмата до единаесетата година детето настојува да ја изрази длабочината одозгора кон доле, но се уште детето ја нема совладано просторната перспектива. Просторната перспектива доаѓа до израз од дванаесетата до четрнаесетата година. Во првите години од школската возраст може да се забележи рендгенски начин на цртање, децата предметите ги цртаат проѕирни.

Почеток на реалистичко цртање  –  после деветата година се јавува почетокот на реалистичко цртање. Детето повеќе не користи симболичко прикажување на предметите и предметите ги прикажува на различен начин, од различна перспектива , во различни меѓусебни односи. Веќе во оваа фаза цртежо добива логички изглед, секој дел има своја смисла, а тоа се должо на дететовото аналитичко посматрање на предметите. Може да се направи разлика помеѓу нацртаното девојче и момче.

 

пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска, психолог

Советувалиште за брак и семејство,

Центар за социјална работа – Гостивар

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена