Македонија
Бура реакции! Контроверзни манипулативни прашања за хетеросексуалност во материјал за средношколци

Македонската јавност денес е разбранувана од прашалник кој е дел од работни листови по „Образование за животни вештини“ за средните училишта. Додека граѓани и јавни личности бурно реагираа на контроверзните прашања упатени во материјалот до средношколците, Бирото за образование, кој истиот го одобрил, попладнево го отстрани од веб страницата.
Еве ги прашањата:
- Што сметате дека ја предизвика вашата хетеросексуалност?
- Кога и како прв пат сфативте дека сте хетеросексуалец/ка?
- Дали е можно вашата хетеросексуалност да е само фаза којашто ќе ја надминете?
- Дали е можно вашата хетеросексуалност да потекнува од страв од истиот пол?
- Доколку не сте имале сексуален однос со припадник на вашиот пол, дали е, сепак, можно да сте хомосексуалец/ка?
- Ако хетеросексуалноста е нормална, тогаш зошто толку многу хетеросексуалци се лица со ментални нарушувања?
- Зошто вие хетеросексуалците се обидувате да ги натерате сите да бидат со вашата сексуална ориентација?
- Зошто мора насекаде да ја промовирате вашата хетеросексуалност? Нели може само да бидете она што сте без врева?
- Најголемиот број лица што злоставуваат деца се хетеросексуалци. Дали сметате дека е безбедно вашето дете да го праќате на училиште каде повеќето наставници се хетеросексуалци?
- И покрај целата општествена поддршка што се пружа на бракот како институција, стапката на разводи и понатаму расте. Зошто има толку малку стабилни релации меѓу хетеросексуалците?
- Зошто хетеросексуалците се толку промискуитетни?
- Дали би сакале вашето дете да биде хетеросексуалец/ка знаејќи ги проблемите со кои се соочуваат, како прељуби, болести, разводи?
Бирото за развој на образованието попладнево информираше дека се работи за изготвен прирачник за наставници врз основа на наставна програма донесена од министерот за образование и наука, и дека Прирачникот е одобрен од директорот на Бирото за развој на образование и министерот за образование и наука во 2011 година.
Бирото појаснува дека наставната програма не е задолжителна, односно наставниците во средните училишта имаат слобода да изберат кои содржини (и соодветно на тоа кои работни листови) ќе ги реализираат и во кој период од учебната година со цел да одговорат на потребите на адолесцентите.
„Со оглед на тоа дека Прирачникот (како и работните листови) и наставната програма за образование за животни вештини се изработени пред една деценија, тие ќе бидат предмет на ревизија во наредниот период кога се планира реформа на средното образование согласно нов Закон за средно образование“, информира Бирото за развој на образованието.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!