Гостивар
Реакција на АДИ: Случајот со Амбла ги покажа слабостите на институциите

„Еднаквиот пристап до права и услуги и понатаму претставува проблем со кој се соочуваат граѓаните од ранливите категории. Нивната вклученост претставува одраз на нивото на нашиот напредок како општество и како поединци.“, реагира Асоцијацијата за демократски иницијативи АДИ-Гостивар, во врска со случајот со 11 годишната Амбла, кој деновиве ја бранува јавноста.
Од АДИ нагласуваат дека случајот уште еднаш ги исфрли на површина сите слабости на институциите, кои реагираат на ад хок база, честопати под притисок на јавноста.
„Превентивните механизми за спречување на вакви и слични случаи не се спроведуваат. Имаме затајување на цели системи по хоризонтална и вертикална одговорност. Националните тела за заштита на човековите права треба да ги истражуваат и следат до крај ваквите случаи, со лоцирање на одговорност и соодветни санкции. Сервисите за заштита на ранливите категории, посебно образовните, здравствените и социјалните треба да обезбедат нивна целосна поддршка: рана детекција на ризиците, навремени информации, ориентација, советување, финансиска поддршка. Ваквите сервиси бараат стручност, квалификации и непартизираност. Социјалната вклученост и антидискриминацијата од декларативни одредби, треба да преминат во конкретни акции за унапредување на положбата на сите граѓани.“, се вели во реакцијата.
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!