Македонија
Реакција на оштетени штедачи на Еуростандард банка: Одговорност за организираниот криминал во ЕСБ мора да има!

Иницијативниот одбор на Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка преку соопштение побара решавање на случајот со ЕСБ. Во продолжение го пренесуваме соопштението:
„Новата власт ги доби изборите на основа на ветувањата дека ќе ги реши криминалот и корупцијата направени во претходните години. Да потсетиме. На денешен ден пред четири години, во ек на пандемија, Народна банка донесе одлука за носење на Еуростандард банка во стечај. Банката се затвори поради енормен криминал кој се случувал во неа со години. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција покрена истрага за Еуростандард банка уште во февруари 2021 година. За криминалот се осомничени раководните одговорни лица во Еуростандард банка. Тоа што се знае е дека се делеле кредити без исполнување на основни критериуми за нивно одобрување и не се почитувале низа законски обврски. Едно е сигурно. Осомничените раководни лица во Еуростандард банка се потписници на одлуките и налозите со кои се одобрувани кредити кои не можат да се наплатат, а истите се делени масовно без соодветни обезбедувања или само на основа на обични меници.
Каква е состојбата денес? Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција упорно молчи и го игнорира случајот на Еуростандард банка. И така е со години. Според закон, истрагата водена од обвинителството за овој случај требаше да биде одамна завршена. Трифун Костовски, еден од главните осомничени организатори и имплементатори на грабежот на депозити во Еуростандард банка, се слика на морски плажи и за тоа гордо споделува на социјалните мрежи наместо да одговара за предизвикување стечај на банката заедно со неговиот осомничен тим од банката. А сите оштетени ја очекуваат правдата!
Дали случајот на Еуростандард банка ќе биде неисполнето ветување за решавање на криминалот во земјава или навистина новата власт ќе го исполни ветувањето и ќе ги смести криминалците таму каде им е место? Впрочем, новата гарнитура на власт, која пред четири години ги поддржуваше оштетените штедачи и ја критикуваше претходната власт заедно со раководството на банката како директни учесници и виновници за организираниот криминал во Еуростандард банка, дојде со ветување дека ќе се справи со криминалот и корупцијата. Новата власт го вети тоа пред граѓаните, а тоа што е ветено треба да се исполни.
Одговорност за организираниот криминал во Еуростандард банка мора да има!“
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог