Гостивар
Реакција на СДСМ Гостивар за објава на претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ и благодарница доделена по повод 18 Ноември

Општинската организација на СДСМ во Гостивар излезе со реакција врзана со неодамнешна објава на социјалните мрежи на претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Гостивар, Гоце Димоски за доделена благодарница од општината по повод Денот на ослободувањето на градот, 18 Ноември. Реакцијата во вид на писмена изјава на претседателот на ОО на СДСМ, Игор Велјаноски ја пренесуваме во целост:
„Недозволиво е преку лажни вести, нецелосни соопштенија и недоволно точни информации да се создава лажен патриотизам кој подгрева популизам и сензационализам помеѓу граѓаните, а притоа создава погрешна претстава за работењето на советниците и нивното залагање за интересите на граѓаните. Ние, треба да сме тие кои обединуваат, а не тие кои создаваат јазови и поделби и истите ги продлабочуваат. Оттука, како претседател на ОО СДСМ Гостивар, во оваа прилика сакам да изразам јавна реакција на објавата на претседателот на ОК Вмро Дпмне Гостивар во врска со Благодарница доделена од општина Гостивар по повод чествувањето на 18 ти ноември, Денот на ослободување на градот Гостивар. Покрај оваа прес конференција, ОО СДСМ Гостивар ќе испрати писмен допис до градоначалникот на општината, во кој ќе побара да се објасни врз основа на што општината доделила благодарница за настан кој се уште не е одржан и истата гласи на име на физичко лице, а не на политичка партија или советничка група?!
Имено, на 17-та седница на општина Гостивар одржана на 29.12.2022 година на која се дискутираше за предлози за програмата за култура на општина Гостивар за 2023 година, предлогот за одбележување на овој важен историски ден за нашиот град беше даден и од советничката група на СДСМ и од советничката група на Вмро Дпмне, па оттука се поставува прашањето која е поголемата заслуга за претседстелот на ОК на вмро дпмне, кој патем добива благодарница на лично име, од советниците од редовите на СДСМ?!
Исто така, во оваа прилика, сакам да напоменам дека ја поздравувам иницијативата на двете советнички групи за одбележување на овој ден кој е исклучително важен за нашата историја, но исто така, напоменувам дека како политичка партија, нема да дозволиме од неговото одбележување да се прави популизам и политиканство, ниту ќе дозволиме да бидеме маргинализирани од организацијата и одбележувањето на празници кои впрочем се празници на сите нас.
Покрај тоа, сакам да напоменам дека за прв пат во историјата на Македонија, во програмата за култура на општина Гостивар се предвиде и се реализира чествување на 24 ти мај- денот на сесловенските просветители “Св. Кирил и Методиј” по барање на советничката група на СДСМ.
Во програмата за култура, а исто така по барање на советничката група на СДСМ се предвиде и одбележување на 16ти ноември, 100 години од раѓањето на народниот херој Чеде Филиповски- Даме и за тоа никој од нас не очекува дека ќе добие посебен орден на заслуги, благодарница или некаква награда.
Напротив, сите граѓани на нашиот град заслужуваат да бидат испочитувани со пригодни манифестации по повод одбележувањето на важни културни и историски настани!“
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар