Македонија
Реакција на ССМ: Владата предлага Закон со кој се кратат платите во јавниот сектор

Сојузот на синдикатите на Македонија реагира дека не бил ниту вклучен, ниту информиран за подготовката на Предлог на Закон за системот за плати во јавен сектор кој Владата преку МИОА во очи на нова година на ЕНЕР го поставила Нацрт Законот за системот (кратење) на плати во јавниот сектор.
„Според првичниот увид во текстот сметаме дека со истиот се намалуваат правата на работниците во делот за платите и се елиминира можноста за уредување на оваа материја со колективните договори со што значително ќе се влијае на укинување на колективните договори во јавен сектор во кои се уредени системот на плати и нивната исплата, а за што ССМ изнинатиот период предупредуваше. Воедно во Нацрт законот е уредено дека исплатата на дополнителната компонента на платата и надоместоците на плата зависи од тоа дели се предвидени средства во буџетот и на тој начин индиректно ќе се врши намалување на платите на вработените во дејностите каде што се исплаќа истата во овој момент.“, се вели во реакцијата.
Според ССМ она што загрижува е дека платите дополнително ќе се намалуваат доколку работникот користи годишен одмор што е уставно загарантирано право и за време на користење на годишен одмор вработените имаат право на плата во висина на нивната основна плата, а за време на привремена неспособност за работа надомест на плата во висина од 80 % од основната плата.
Синдикатот бара повлекување на ваквиот предлог на закон за истиот да биде доработен без сите негативни ефекти кои ќе ги предизвика, во консултации со претставниците на работниците синдикатите и експерти од Меѓународната организација на труд и останати чинители преку инклузивен процес.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава