Поврзи се со нас

Гостивар

Реакција од организации и „Меѓаши“ за случајот во Гостивар со настраданото дете во пожар

Објавено

на

Граѓанските организации:Интернет Хотлајн Провајдер Македонија, Здружението Сплотени срца Штип, Ресурсен центар на родители на лица со посебни потреби, Здружение на граѓани куќа на среќата и Првата детска амбасада во светот Меѓаши-Република Македонија излегоа со реакција за случајот во Гостивар кога во пожар животот го загуби 7 годишно дете. Во реакциите се упатуваат прашања и забелешки до институциите и до медиумите.
Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост:
„Родителската нeгрижа и зaнeмарување на децата е појава што зaгpижува и опoмeнува. Згpoзени сме од настанот што се случи во Гостивар кога мaлолетно дете, изгоре, врзано со ланци на нозете. Случаеви каде децата се врзуваат со ланци од страна на родителите, како ,,воспитна мерка“ не се непознати во светот, меѓутоа очигледно Македонија не е веќе исклучок.
Граѓанските организации при своите анализи на аномалиите на системот, освен теренските истражувања ги користат и информациите добиени од медиумите. Во дадениот случај, при анализа на информации пласирани во медиумите како класичните така и интернет медиумите, можеме да заклучиме дека едни медиуми информираа дека семејството е семејство фантом, кое не е регистрирано во системот. Други медиуми известуваат дека Центарот за социјални грижи имал информации за семејството. Нашите информации од терен говорат дека само детето кое настрада во пожарот немало извод од матична книга на родените, односно не било регистрирано. Совесни граѓани реагирале до Центарот за социјални грижи во Ресен и истиот бил информиран за состојбата во семејството но не преземале никакви мерки.
Воедно, имајќи предвид дека некои медиуми го истакнаа местото каде се сместени децата, што претставува исто така кршење на нивните права, ги потсетуваме и замолуваме при нивните известувања во случаи кога се работи за деца да ги имаат предвид Кодексот за новинари при известување што вклучува дете жртва/сторител (во прилог) и Основните упатства и принципи на Меѓународната федерација на новинарите за известување за прашања во кои се инволвирани децата: внимателно да ги земат предвид последиците од публикувањето на секаков материјал во врска со децата и на тој начин да ја намалат штетата врз децата; да внимаваат да не користат визуелно или друго идентификување на децата доколку тоа не е очигледно во јавен интерес; да осигураат независна в е р и ф и к а ц и ј а н а информациите што ги дале децата и да водат посебна грижа верификацијата да не ги стави во опасност децата информатори; да употребуваат чесни, отворени и недвосмислени методи за обезбедување слики и, таму каде што е можно, да ги добијат со знаење и согласност на децата или на одговорното возрасно лице, старател или лицето што се грижи за нив. Медиумите не треба да ги зем а а т п р е д ви д и да известуваат за положбата на децата само како настан, туку треба постојано да известуваат за процесот кој може да доведе или води кон појавата на тој настан. А во најдобар интерес на децата е да внимаваме на вакви подробности кои може да имаат негативен ефект токму над децата за кои се залагаме да ги заштитиме.
Со оглед на тоа дека Република Македонија во 1993 година ја има усвоено Конвенцијата за детски права на ООН обврзана е согласно истата да ги исполни долунаведените обврски:
– Детето се пријавува веднаш по раѓањето и од раѓањето има право на име, право на грижа, државјанство и, ако тоа е можно, право да знае кои му се родители и право тие да се грижат за него.
– Државите членки ги обезбедуваат остварувањето на овие права во согласност со националните закони и со соодветните меѓународни инструменти од оваа област, особено во оние случаи кога детето, инаку би било апатрид.
– Обезбедување на содветна заштита на мајката пред и по раѓањето на детето.
– Овозможување на сите сегменти на општеството, посебно на родителите и на децата, да бидат информирани и да им се пружи поддршка при користењето на основните знаења за здравјето, исхраната на детето, предимствата на доењето, хигиената и хигиенските услови на животната средина, како и за спречувањето на несреќите.
– Државите членки се обврзуваат: Ниедно дете да не биде изложено на мачење или на други свирепи, нечовечки или понижувачки постапки или казни.
Потсетувајќи дека Обединетите нации во Општата декларација за правата на човекот прокламираат дека на детството му припаѓаат посебна грижа и помош,
Уверени дека на семејството како основна единица на општеството и природна средина за развој и благосостојба на сите нејзини членови, особено на децата, треба да му биде пружена неопходна заштита и помош за да може во целина да ја преземе одговорноста во заедницата,
Свесни за фактот дека детето, за да оствари хармоничен развој на личноста, треба да расте во семејна средина, во атмосфера на среќа, љубов и разбирање,
Сметајќи дека детето треба да биде во целина подготвено да живее самостојно во општеството и да биде воспитувано во духот на идеалите, прокламирани во Повелбата на Обединетите нации, а особено во духот на мирот, достоинството, толеранцијата, слободата, рамноправноста и солидарноста,
Сакаме да прашаме:
1. Дали ова дете е регистрирано или не во системот? Дали детето, кое било на 7 годишна возраст било вклучено во системот на образование?
2. Доколку не е регистрирано, до каде е процесот на регистрација на децата фантоми на територија на државата?
3. Ако процесот на попишување на децата фантоми е започнат, зошто тој процес се одвива многу споро?
4. Прашуваме каква заштита добила мајката по раѓањето на децата од страна на институциите? Дали биле корисници на социјална помош и детски додаток?
5. Информациите од терен говорат дека граѓани на Ресен го пријавувале случајот во Центарот за социјална работа. Прашуваме, што преземале државните институции да ја спречат несреќата? Каде затаила меѓу институционалната комуникација Центар за социјална работа и МВР?
6. Што преземале надлежните институции за да го спречат чинот на врзување на нозете на детето со ланци?
7. Со оглед на тоа дека многу информации во медиумите се контрадикторни, прашуваме што Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги презема за спречување на ширење на информации без доволно информации и дезинформации на вакви теми на различни медиуми, како традиционални, така и интернет?„

 

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Македонијапред 30 минути

ДЛ: Во четврток ќе се празнува среќата, ќе се слави музиката од 1990-те и 2000- те, ќе се потсетуваме на едно убаво време!

Македонијапред 1 час

Повлечена пакувана вода ризична за луѓето

Гостиварпред 3 часа

Нова песна на гостиварското дуо “D’Reamers”

Регионпред 3 часа

Владата на Словенија ќе ги врати парите на граѓаните од казни за прекршување на мерките против Ковид

Македонијапред 5 часа

Поради обилни врнежи од снег забрана за камиони и цистерни на патот Гостивар-Кичево

Вестипред 5 часа

Од денес почнува Божиќниот пост

видео емисиипред 17 часа

Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: Живка Матевска | ПЕНЗИОНЕРИ

Македонијапред 18 часа

Се поголем интерес кај македoнските граѓани за работа во Словенија

Гостиварпред 20 часа

Филмско разбојништво во атар на Чегране, украдени над 500 кг. марихуана од фабрика за канабис

Животпред 4 недели

Дворот на Василески во Гостивар е рај за очи и душа! Уникатно катче кое дише со љубов и внимание

Што, како, каде?!пред 4 недели

Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила

Гостиварпред 2 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 4 недели

Пензионерите во Гостивар учеа како самостојно и безбедно да користат интернет

Гостиварпред 4 недели

Протест на пензионери во Гостивар: Не може да се опстане со 10-12 илјади денари пензија!

Гостиварпред 4 недели

Здружението „Д-р Трајче Нешковски“ и Општина Гостивар заедно за поддршка на децата со попреченост

Гостиварпред 4 недели

Семејството е во криза, се‘ повеќе разводи во Гостивар, бракови се растураат како кула од карти

Гостиварпред 4 недели

ОВР Гостивар лиши од слобода 3 лица под сомнение за дивоградба

Гостиварпред 3 недели

Полицијата на средба со ловечките друштва од Гостивар, Чегране и Врапчиште

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 4 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 5 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 5 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена