Поврзи се со нас

Гостивар

Реакција за фотографиите од детското одделение во Гостивар: Сликите се стари, кровот е саниран од април

Објавено

на

Во јавноста деновиве, гостиварскиот огранок на Алијанса за Албанците, прикажа фотографии од детското одделение во болницата во Гостивар, за да преку нив укажат дека на „детско“ владеат лоши услови за лекување.

„За тоа што се случува во оваа болница зборуваат самите пациенти и фотографиите од просториите, каде постои страв дека може да се заразите од нечистотијата. Ја потсетуваме и албанската владејачка партија во какви услови работат вработените во оваа болница, а исто така и какви услуги примаат пациентите, нагласувајќи дека повеќето се Албанци.“, изјави Јасин Демири од Алијанса за Албанците, покажувајќи ги фотографиите.

Одговорните од болницата пак, реагираа дека се работи за стари фотографии од пред десет месеци, кога на одделението имало проблем со протекување на кровот и дека тоа е веќе санирано. Повикаа новинарски екипи за да ја покажат моменталната состојба во истите простории.

„Ова се стари слики од пред десетина месеци, и тогаш навистина имавме проблем со кровот. Во тоа време, ги изолиравме тие две простории, дел од ходникот и една соба. Во тој дел не примавме пациенти, а работата си течеше нормално со згрижување на пациентите во останатите соби. Како што можете да видите, кровот е саниран, тоа беше направено уште во април и сега нема никакви проблеми. “, изјави раководителот на детското одделение, д-р Ферид Муча.

Според него, условите во гостиварското одделение се исти, како и во другите болници низ цела Македонија. Муча најави дека со поддршка на Турската агенција ТИКА, во првите месеци од следната година, ќе започнат работи за целосна реконструкција на одделението. „ТИКА веќе го усвои проектот и со нивна помош нашето одделение ќе стане модерно, како во болниците во европските држави“, изјави Муча.

Сподели ја веста:
2 коментари

1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена