Вести
Реакција на директорот на гимназијата: Бев нападнат и провоциран, Таравари шири невистини
Не стивнуваат реакциите во врска со петочниот инцидент во гимназијата во Гостивар. Со писмена реакција и објаснување денес се јави директорот на училиштето Џези Камбери, кој наведува дека градоначалникот Арбен Таравари шири невистини и неосновано етикетира луѓе како проблематични насилници.
„Бев нападнат и испровоциран со многу тешки навредливи зборови од страна на професорот Бејтула Камбери во наставничката канцеларија. Но, јас најдов начин да ја избегнам таа конфликтна состојба. Малку подоцна тој насилно влезе во мојата канцеларија и ме нападна физички, ме туркаше и навредуваше. Со помош на неколку наставници некако успеавме да го смириме и извадиме надвор од канцеларијата. Кога тргнав за дома, на влезот од училиштето Дритан Имери –бившиот директор именуван од страна на градоначалникот Арбен Таравари, тргна накај мене започнувајќи физичка пресметка. Во наведената физичка пресметка се замешаа присутни луѓе со цел да го оттргнат. Градоначалникот немајќи доволно информации, а користејќи ги истите сервирани од лицата кои го предизвикаа инцидентот, изјави без никаква основа дека во гимназија се врши насилство, се етикетираат луѓе –дека се бивши затвореници или проблематични индивидуи. Го потсетувам Арбен Тарвари дека тој е јавна личност, со вакви изјави и ширење на невистини обвинувајќи ме за оркестрирање на овој настан, предизвикува забуна во јавноста, со што го руши мојот личен углед“, стои во реакцијата на Камбери.
Вчера Таравари за истиот инцидент имаше прес конференција.
-
Гостиварпред 4 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград