Поврзи се со нас

Гостивар

Ребалансот на буџетот станува „жешка“ тема – Таравари vs. ДУИ/СДСМ

Објавено

на

Општинскиот буџет повторно станува предмет на недоразбирања помеѓу локалната власт и мнозинството во Советот на Гостивар. Овојпат се работи за ребалансот на буџетот. Градоначалникот Арбен Таравари тврди дека ДУИ и СДСМ намерно не закажуваат седница за ребаланс, и дека тоа ќе донесе проблеми во функционирањето на општината. Тој нагласува дека ребаланс треба да се изврши до 15 јуни, а мнозинството не покажало добра волја да го стави на дневен ред.

„Веќе десет дена буквално ги молиме да се стави на дневен ред ребаланс на буџетот, значи не велиме дека треба да се гласа, да се прифати, едноставно да се даде шанса да се дискутира. Меѓутоа, тие повторно ја играат старата игра. Рекоа дека ја научиле лекцијата од 21 април и 5 мај, но очигледно е дека не научил е ништо и продолжуваат по старо. Ако не се донесе ребаланс ќе има голема пречка во секојдневното функционирање на општината, ние сепак ќе се трудиме да работиме и покрај тоа“, изјави Таравари.

Претседателот на Советот, Насир Муслиу кој доаѓа од редовите на ДУИ, вели дека не се работи за никакво кочење на општината, туку дека се бара соодветен термин за седница. „Ние разговаравме со градоначалникот и тој инсистираше да се закаже седница на 6 или 7 јуни, што се покажа невозможно со оглед на тоа дека повеќе советници не се во Гостивар тие денови. Разгледуваме кој датум понатаму ќе одговара. Не вршиме никакви опструкции“, рече Муслиу.

Откако Таравари седна на градоначалничката фотелја, а мнизинството во Советот падна во рацете на ДУИ, буџетот на Општина Гостивар редовно е „жешка“ тема. Во 2018-та година, препукувањата меѓу двете страни резултираа со недонесување на буџетот во предвидениот рок и општината отиде на мерка времено финансирање, три месеци. Буџетот пак за 2019-та година, беше изгласан во последниот рок (31 декември 2018 година), а на целиот процес на донесување му претходеа безброј закачки и несогласувања.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Македонијапред 2 минути

Контрола на кабареа, ноќни и диско клубови-Донесени забрани за работа

Македонијапред 36 минути

Извршени претреси во Министерство за економија, управителот и одговорното лице на „Пулс“ и Општина Кочани

Македонијапред 3 часа

Погребот на загинатите во пожарот во Кочани ќе биде во четврток

Македонијапред 4 часа

Тошковски разреши началници и командири во Штип и Кочани

Македонијапред 6 часа

Во храмовите на МПЦ-ОА утре и во петок заупокоена литургија, парастос за упокоените и молитва за повредените

Македонијапред 7 часа

Да не се шпекулира со бројот на загинати во пожарот во Кочани, апелира Владата

Македонијапред 9 часа

Притвор од 48 часа за Бектеши, Трајковски и уште 12 осомничени лица за пожарот во Кочани

Македонијапред 10 часа

Поради трагедијата во Кочани ден на жалост и во Србија, Бугарија, БиХ, Црна Гора

Гостиварпред 1 ден

Во центарот на Гостивар цвеќе и едноминутно молчење за жртвите во пожарот во Кочани

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена