Поврзи се со нас

Занимливости

Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни

Објавено

на

Во продолжение ви претставуваме неколку едноставни, но многу мудри цитати на Лав Толстој за животот, уверувањето, среќата.

Кога држел предавања за руската и компаративната книжевност на Конрел Универзитетот и колеџот Велсли, руско – американскиот писател Владимир Набаков, секое предавање го започнувал така што ги навлекувал завесите. Во апсолутен мрак тој започнувал: „Ако замислите дека руската литература е небото, тогаш ова е Гогољ“ и вклучувал една ламба на плафонот.

Тогаш повторно го притискал прекинувачот и велел: „Еве ги и Чехов и Достоевски“, и се вклучувале уште две ламби. Потоа, Набоков ги повлекувал сите завеси со брзо движење. Училницата останувала заслепена од сонцето и тогаш Набоков велел: „А ова е Лав Толстој“.

Знаеме дека Лав Толстој бил голем руски писател и филозоф, но ретко кој знае дека бил против тоа, уметноста да биде во приватно сопствеништво, туку сметал дека треба да припаѓа на целокупното човештво. Неговото непризнавање на црквата и државата, направило да го сметаат за христијански анархист, кој ја мразел приватната сопственост, ја осудувал суетата и бил единствениот човек во историјата, кој ја одбил Нобеловата награда за литература.

Во прилог ви претставуваме некои од неговите едноставни, но многу мудри цитати, за животот, љубовта, уверувањето и среќата.

  • Во нашиот свет, сите размислуваат за менување на општеството, а не на самите себе.
  • Оној кој знае да чека, се му доаѓа навреме.
  • Големите работи се едноставни и скромни.
  • Два најголеми борци се трпението и времето.
  • Секогаш мислиме дека другите не сакаат, затоа што сме добри, но никогаш не мислиме дека оние кои не сакаат се добри.
  • Љубовта е животот. Се што разбирам и знам, разбирам, единствено затоа што сакам.
  • Кога некого сакате, сакајте ја таа личност за тоа што е, а не за тоа каква личност би требало да биде.
  • Најголемите вистини се едноставни.
  • Вистина, како и златото, не може да се посее и да порасне, туку се добива со чистење и отстранување, на се што не е злато.
  • Еден од првите услови на среќата е врската помеѓу Човекот и Природата да не биде никогаш прекината.
  • Постои само едно време, кое е важно – сега! Тоа е најважно време, бидејќи само тогаш имаме било каква моќ.
  • Погрешното, не престанува да биде погрешно, бидејќи поголемиот дел е во него.
  • Може да се живее добро во овој свет, ако се знае како да се работи и како да се сака.
Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена