Гостивар
Речиси 30 возачи казнети на подрачје на Гостивар за непрописно престигнување
Вчера (12 септември) на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување. Притоа, биле санкционирани 64 возачи кои непрописно престигнувале, од кои 37 на тетовското и 27 на гостиварското подрачје.
Во контрола пак за брзина на возење биле откриени и санкционирани 22 возачи (Тетово-14 и Гостивар-8), кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, од кои 2 за повеќе од 70 километри на час. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби и други санкции.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.“, наведуваат од полицијата.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди