Вести
Речиси две третини од територијата на Словенија е под вода, пукна насипот долж реката Мура

Пукна насипот долж реката Мура во Словенија во близина на Долна Биштица поради што е наредена евакуација на жителите од неколку села, соопшти Управата за цивилна заштита и помош при катастрофи.
Командантот на Цивилната заштита, Среќко Шестан изјави дека се влошува ситуацијата бидејќи се зголемува дупката во насипот.
„Инженерските служби се обидуваат да ја затворат дупката, но не успеваат со машините со кои располагаат. Се истражува можноста за фрлање бетонски блокови од хеликоптер, но тоа е отежнато поради временските прилики“, посочи Шестан додавајќи оти ако се урне насипот ќе бидат поплавени десет села.
Мура моментално го има вториот највисок водостој забележан во историјата, 1.350 кубни метри во секунда, а нивото на реката продолжува да расте во Австрија.
Според хидролозите нивото на реките во поголем дел од земјата постепено ќе се намалува освен во поплавените подрачја во долниот тек на Сава, Драва и Мура. Не се исклучува можноста да расте нивото на помалите реки во западна и централна Словенија. Во делови од земјата постои опасност од лизгање на земјиштето.
Поради уништената инфраструктура поединечни делови од Словенија и понатаму се без електрана енергија, поради што еден од главните приоритети е снабдување на населението со агрегати.
Според метеоролозите попладне се очекуваат обилен дожд, град и силен ветер.
Речиси две третини од територијата на Словенија е под вода, а засега штетите се проценуваат на 500.000 евра.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб вчера изјави дека Словенија се соочила со најтешката природна катастрофа во својата понова историја и дека предизвиканата штета е незамислива и „веројатно повеќе од половина милијарда евра“.
И покрај поплавите не е загрозена нуклеарната безбедност на нуклеарната централа Кршко.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос