Рецепти
Рецепт за домашна паштета направена со преостанатите велигденски јајца

По велигденските празници, сите се соочуваме со ист предизвик – што да правиме со сите оние варени јајца? Наместо да ги оставите да стојат во фрижидер или да ги јадете на истите начини одново и одново, ви предлагаме вкусен, лесен и брз начин да ги искористите: домашна паштета од туна и јајца.
Овој рецепт не само што ќе ви помогне да избегнете фрлање храна, туку ќе добиете кремаст и заситен намаз кој совршено одговара со кришка лепче или крекери. Одличен е за брз појадок, ужинка или лесна вечера.
Потребни состојки:
- 1 конзерва туна
- 3 варени јајца
- 7-8 маслинки или 2-3 кисели краставички (во зависност од вкусот)
- 2 лажички крем сирење
- 1 лажичка сенф
- Сол и бибер по вкус
Подготовка:
Варените јајца излупете ги и исечкајте ги на покрупни парчиња. Во блендер ставете ја туната (добро исцедена), јајцата, маслинките или киселите краставички, крем сирењето и сенфот.
Изблендирајте ги сите состојки додека не добиете убава, мазна структура. Доколку сакате да биде покрупна паштетата, само кратко измиксајте или употребете вилушка за гмечење. Додадете сол и бибер по вкус и добро промешајте.
Ставете ја паштетата во сад и оставете ја во фрижидер најмалку 30 минути пред сервирање – вкусот ќе се збогати уште повеќе.
Со овој едноставен рецепт не само што ќе го намалите отпадот од храна, туку и ќе подготвите нешто навистина вкусно и корисно.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос