Рецепти
Рецепт за лутеница, за мерак на љубителите на пикантен вкус

Септември е месец кој за повеќето семејства поминува во знакот на подготвување зимници. Слободните денови од викендот традиционално се користат за правење ајвар, лутеница, сос, разни зимски салати итн. Токму затоа, рецепт плус за тегла повеќе на полицата за зимница не е на одмет. Во продолжение споделуваме предлог за превкусна лутеница.
Состојки:
2 кг лути црвени пиперки
1,5 кг благи црвени пиперки
2 кг домати
5-6 чешниња лук
200 мл. вински оцет
400 мл. масло
250 гр. шеќер
китка магданос
кесичка мелен црн бибер
сол
конзерванс
Подготовка:
Најпрво излупете и исечете ги доматите, прелијте ги со вода, па ставете ги да се варат. Додадете вински оцет, масло, шеќер и бибер. Треба да се готват околу 1 час. За тоа време сомелете ги лутите и благите пиперки во машина за месо, или исецкајте ги многу ситно. Откако ќе помине еден час, додајте ги во тенџерето и гответе уште час и половина, со повремено мешање. Пред крајот посолете, додадете сецкан лук и магданос и конзерванс. Подготвено за во тегла!
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022