Рецепти
Рецепт за највкусните цимет ролни
Цимет ролните се рецепт на кој секогаш со задоволство се враќаме кога ќе дојдат првите студени и дождливи есенски денови. Зачудувачкиот мирис на циметот што се шири од рерната додека се пече ќе ги разубави и најмрачните утра, а нивниот совршен вкус ќе предизвика насмевка на вашето лице и ќе ви даде доволно енергија за напорен почеток на денот.
Цимет ролните бараат малку повеќе труд и трпение, но крајниот резултат апсолутно вреди.
Потребни состојки:
За тестото:
- 500 гр брашно
- 75 гр шеќер
- 1 пакување (7 g) сув квасец
- 1/2 лажичка сол
- 1 јајце
- 75 мл млеко
- 75 гр путер (стопен)
За полнење:
- 100 гр кафеав шеќер
- 2 лажици мелен цимет
- 50 гр путер (омекнат)
За преливот (опционално):
- 100 гр шеќер во прав
- 2-3 лажици млеко
Подготовка на тестото:
Во поголем сад измешајте ги брашното, шеќерот, сувиот квасец и солта. Додадете ги јајцето, млекото и растопениот путер и убаво измешајте.
Кога ќе се соединат состојките, тестото префрлете го на набрашнета површина и месете го околу 5-7 минути, додека не стане мазно и еластично. Тестото се става во сад подмачкан со масло, се покрива со крпа и се остава да нарасне на топло место околу 1 час или додека не се удвои во големина.
Подготовка на филот:
Додека тестото нараснува, измешајте ги кафеавиот шеќер и мелениот цимет во помал сад.
Формирање на ролни:
Кога тестото ќе нарасне, префрлете го на набрашнета површина и расукајте го во правоаголна форма (околу 30х40 см).
Над валаното тесто рамномерно намачкајте го омекнатиот путер.
Готовиот фил (шеќер и цимет) намачкајте го преку тестото.
Почнете да го тркалате тестото од едната страна, формирајќи тесен ролат.
Исечете го ролатот на 12-15 парчиња и ставете ги во претходно подмачкана тава или плех. (сечењето на ролатот може да го направите со конец)
Печење:
Покријте ги ролните со крпа и оставете ги да нараснат уште 30 минути.
Загрејте ја рерната на 180°C. Цимет ролните печете ги 20-25 минути додека не поруменат.
Подготовка на прелив (опционално):
Додека цимет ролните се ладат, измешајте ги заедно шеќерот во прав и млекото додека не добиете мазен прелив.
Прелијте го преливот врз изладените ролати со цимет и уживајте во ова неодоливо слатко пециво.
Пријатно!
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија