Рецепти
Рецепт за здрава варијанта сладолед со малку калории

Tоплите летни денови се незамисливи без разладена слатка лубеница или сладолед. Но, добиваме вистинско освежувачко уживање кога ги комбинираме двете во едно!
Иако многу луѓе ја сметаат за овошје, лубеницата е всушност сладок зеленчук, чие консумирање носи низа предности за нашето тело. Лубеницата е преполна со хранливи материи, а всушност има малку калории. Дури 90 отсто од лубеницата е вода, па затоа многу добро ќе ви се најде како средство за спречување на дехидрација, особено кај децата, иако и возрасните често забораваат да пијат доволно вода. Содржи растителни влакна, кои помагаат во стимулирање на варењето. Содржи природно соединение наречено ликопен, а за оваа супстанца научниците тврдат дека е многу корисна како превенција од рак и срцеви заболувања. Содржи витамини Ц, А и Б6, кои се важни за здравјето, а особено за здравјето на нашиот најголем орган кожата.
Во овие топли летни денови Ви предлагаме да ја пробате лубеницата во вид на уште еден омилен десерт – сладолед. Потребни се само 4 состојки.
Сладолед од лубеница и јогурт
Состојки:
- 3 чаши лубеница исечкана на коцки
- ½ чаша обичен грчки јогурт
- 2-3 лажици засладувач по избор (јаворов сируп или мед)
- 1 лажица сок од лимон или лимета
Подготовка: Смесата мешајте ја додека не се соединат состојките. Потоа префрлете ја во корнети за сладолед, па ставете ја во замрзнувач најмалку 4 часа. Најдобро е да го оставите сладоледот вака 24 часа – ако можете да се воздржите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос