Гостивар
Редослед на богослужби во Гостивар за Воскресението Христово – Велигден

Велики Петок (22 април) – Во соборниот храм „Пресвета Богородица“ утрена со царски часови и читање на светите евангелија во 8 часот и изнесување на светата Плаштеница. Во 17 часот ќе се отслужи вечерна богослужба, а во 18 часот ќе се изврши опело на телото на Господ Исус Христос.
Велика Сабота (23 април) –Литургија на Свети Василиј Велики со почеток во 8 часот.
Во 23.30 часот ќе започне трикратниот опход околу Соборниот храм „Пресвета Богородица“ со пеење Воскресение Твое Христе Спасе и ќе бија сите камбани.
Прв ден Велигден (24 април) – Точно во 00.00 часот ќе биде објавено Христовото воскресение. Веднаш потоа ќе се служи Утрена со литургија на Св.Јован Златоуст. Во 17 часот ќе се служи вечерна богослужба-втора пасха со литија околу соборниот храм.
Втор ден Велигден (25 април) – Утрена со литургија на Св.Јован Златоуст ќе се служи во црквата „Свети Димитрија“ со почеток во 8 часот.
Трет ден Велигден (26 април) – Утрена со литургија на Св.Јован Златоуст ќе се служи во соборниот храм „Пресвета Богородица) со почеток во 7 часот.
Источен Петок Балаклија – Утрена со света архиерејска литургија во црквата „Света Петка“ во 8 часот.
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!