Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Редовната медитација делотворна за бактериите во цревата

Објавено

на

Практикувањето медитација може да помогне во подобрувањето на состојбата со цревните бактерии, но е делотворно и за нивното психо-физичкото здравје, според ново истражување на научници од Кина и Пакистан. Трудот е објавен и во списанието „Генерална психијатрија“ (General Psychiatry). Збогатувањето на цревната микрофлора на тој начин може да помогне во намалување на опасностите од лошото физичко и ментално здравје, вклучувајќи анксиозност, депресија и срцеви заболувања. Тоа може да влијае на мозокот, расположението и на однесувањето преку оската микрофлора – црева – мозок, велат истражувачите.

Тие испитувале примероци од крв и столица од 37 тибетски будистички монаси од три храма и 19 нивните соседни жители. Монасите практикувале длабока форма на медитација најмалку два часа дневно меѓу три и 30 години.

Заклучоците говорат дека микроорганизмите во цревата – вклучувајќи бактерии, габи и вируси, значително се разликуваат меѓу двете групи.

„Колективно, повеќето бактерии стекнати кај луѓето кои медитираат се поврзани со ублажување на менталните болести, што посочува дека медитацијата може да влијае на одредени бактерии коишто можат да имаат улога во менталното здравје… Долготрајната медитација ја зајакнува имунолошката функција на телото и ја намалува опасноста од кардиоваскуларни болести“, се вели во написот.

Сепак, тие нагласија дека испитувањата се недоволно обемни и дека сите вклучени монаси и Тибетанци живеат на голема надморска височина, што го отежнува генерализирањето во наодите.

„Генерално, овие резултати говорат дека медитацијата игра позитивна улога во психосоматските состојби и благосостојба“, се додава.

Друг научен труд, претходно објавен во списанието „Професионална и општа медицина“ (Occupational & Environmental Medicine), којшто опфатил 6.000 случајно избрани жители на Хелсинки, Еспо и Ванта во Финска, покажа дека честите посети на паркови и други зелени површини се поврзани со помала употреба на одредени лекови кај луѓето кои живеат во градовите.

„Почестите посети на зелени површини се поврзани со помала и поретка употреба на психотропни, антихипертензивни и лекови за астма. Предусловите не зависат од социо-економскиот статус“, вели заклучокот на истражувачите од финскиот Институт за здравје и благосостојба.

Тие, имено, откриле дека луѓето кои посетуваат зелени површини три до четирипати неделно имаат 33 отсто помала веројатност да користат лекови за ментално здравје, 36 насто намален ризик од лекови за крвен притисок и 26 отсто помали шанси за користење лекови за астма, во споредба со луѓето кои посетувале зелени површини само еднаш неделно.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 6 часа

Расположението се менува и под влијание на боите

Гостиварпред 9 часа

Матевска: Ние сме единствена земја во светот каде пензионерите протестираат, не се издржува!

Македонијапред 10 часа

Од 1.500 до 3.000 денари месечно државна помош за пензионерите со ниски пензии

Македонијапред 11 часа

Антикризни мерки: За ученици по 20/30 евра месечно, за студенти ваучер за превоз…

Македонијапред 12 часа

МВР трага по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, објавени фотографија и опис

Македонијапред 14 часа

ДЛ: Во четврток ќе се празнува среќата, ќе се слави музиката од 1990-те и 2000- те, ќе се потсетуваме на едно убаво време!

Македонијапред 15 часа

Повлечена пакувана вода ризична за луѓето

Гостиварпред 16 часа

Нова песна на гостиварското дуо “D’Reamers”

Регионпред 17 часа

Владата на Словенија ќе ги врати парите на граѓаните од казни за прекршување на мерките против Ковид

Животпред 4 недели

Дворот на Василески во Гостивар е рај за очи и душа! Уникатно катче кое дише со љубов и внимание

Што, како, каде?!пред 4 недели

Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила

Гостиварпред 2 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 4 недели

Пензионерите во Гостивар учеа како самостојно и безбедно да користат интернет

Гостиварпред 4 недели

Здружението „Д-р Трајче Нешковски“ и Општина Гостивар заедно за поддршка на децата со попреченост

Гостиварпред 4 недели

Протест на пензионери во Гостивар: Не може да се опстане со 10-12 илјади денари пензија!

Гостиварпред 4 недели

Семејството е во криза, се‘ повеќе разводи во Гостивар, бракови се растураат како кула од карти

Гостиварпред 4 недели

ОВР Гостивар лиши од слобода 3 лица под сомнение за дивоградба

Гостиварпред 5 дена

Потресувачки случај на самоповреда и напад во семејство во гостиварско, четири лица пренесени во болница

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 4 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 5 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 5 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена