Поврзи се со нас

Гостивар

Редовната вакцинација во Гостивар тече непречено, апел до родителите да ги носат децата на вакцина

Објавено

на

Откако почна пандемијата, дел од родителите во Гостивар се соочуваат со недоумица и недоволна информираност околу примањето на редовните вакцини за децата. Од Службата за вакцинација на Здравствениот дом во Гостивар информираат дека имунизацијата на децата од предучилишна и училишна возраст се одвива непречено, според редовниот вакцинален календар, без оглед на состојбите со коронавирусот. Лекарите упатуваат апел до родителите да ги носат децата за вакцина, како што е предвидено во календарот.

„Ние немаме прекинато со работа ниту еден ден откако се прогласи пандемија. Некои родители мислејќи дека не работиме, доцнат и не ги носат на вакцинација, или се прашуваат дали е добро да ги вакцинираат. Затоа сакам да  апелирам до родителите слободно да ги носат децата, ние работиме, ги вакцинираме децата редовно и од школска, и од претшколска возраст по календарот на имунизација. Ако се прашуваат зошто не се прекинало со процесот на вакцинација, да објаснам дека со вакцинација во секакви услови се продолжува, затоа што секогаш постои опасност да не се појави некоја нова епидемија од заразни болести против кои вакцинираме. Како што се случи со епидемијата на морбили пред две години. Затоа е важно да доаѓаат и да ги вакцинираат децата по редовниот календар.“, вели д-р Дафина Богданоска, од службата за вакцинација Гостивар

Медицинските сознанија кажуваат дека вакцините од редовниот календар го поттикнуваат општиот имунитет кај децата и на тој начин тие стануваат поотпорни и на актуелниот коронавирус.

Во редовниот календар на имунизација, од 2019-та година вметнати се две нови вакцини   против рота вирус и пневмококна вакцина кои се даваат во три дози.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 59 минути

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 4 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 5 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 6 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 8 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 9 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 10 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 11 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена