Вести
Регистрирани првите случаи на грип во Гостивар сезонава

Деновиве матичните лекари официјално ги евидентирале првите пациенти со симптоми на грип во Гостивар. Статистиката на епидемиолошкото одделение покажува дека се работи за вкупно десет случаи на заболени на различна возраст, од деца до повозрасни граѓани со вообичаени симптоми на грип (зголемена температура, главоболка, болки во зглобовите), без посериозни компликации.
Лекарите велат дека периодов е очекувано да се појави вирусот на грип, но во помали размери. Според праксата од минатите години, поголем број на заболени се очекуваат во зимските месеци.
Во меѓувреме во епидемиолошкото одделение во Гостивар тече сезонската вакцинација против грип. Дневно вакцина примаат по околу 200 граѓани и проценките на лекарите се дека вакцините ќе се потрошат најдоцна до понеделник. Вакцината чини 400 денари.
Како превенцијата од грип лекарите препорачуваат многу чности, витамини, овочје и зеленчук, високо ниво на лична хигиена, проветрување на просториите и избегнување контакти со заболени.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!