Гостивар
Река ученици го преплави Гостивар, градот е домаќин на Образовно рандеву

Голем број ученици, заедно со своите професори од сите страни на Македонија денес и утре се драги гости на градот Гостивар, во рамки на годишното Образовно рандеву на Младинската асоцијација на средни стручни училишта. Настанот традиционално секоја година ги спојува средношколците од средните стручни училишта од земјава при што тие ги покажуваат своите знаења и вештини во различни натпреварувачки категории. Изработуваат бизнис планови, презентираат модни ревии, шминка и фризура, пејат и свират, ги претставуваат училиштата на посебни штандови на најкреативни начини…
На свеченото отворање денес во Летниот амфитеатар покрај Вардар присуствуваше и министерот за образование, Јетон Шаќири.
„Не мора многу да се зборува со зборови, кога делата кажуваат за себе. Гостопримството на Гостивар се гледа. Денес сите се расположени и се гледа дека организацијата е направена на најдобар начин. Ваквите настани не се само натпревари, туку и настани каде секој може да запознае нов другар, ученик од другите училишта. Им честитам на организаторите и на сите ученици им посакувам успех“, рече министерот.
Деталите за организацијата и координирањето на натпреварот во Гостивар во свои раце ги зедоа професорите од економското и од техничкото училиште, Абиљ Идризи и Сеад Дервиши.
„Сакам посебно да им се заблагодарам на професорите организатори. Нема дилеми дека гостиварци секогаш знаат да дадат максимум од своето гостопримство и знам дека се што е врзано со ова рандеву, ќе помине како што треба.“, кажа во поздравното обраќање градоначалникот Арбен Таравари.
На свеченото отворање зборуваа и директорот на Центарот за стручно образование и наука, Шериф Мифтари и директорите на економското и техничкото училиште во Гостивар, Михајло Ѓиноски и Бесир Салиу.
На Образовното рандеву во Гостивар учествуваат средношколци од 45 училишта. Ова е прв пат по 12 години натпреварувањето да се одржува во првиот град на Вардар.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение