Поврзи се со нас

Претседателски 2019

Река во Гостивар: За да живееме во република за сите, треба да има реална, а не само формална еднаквост

Објавено

на

Кандидатот за претседател, поддржан од Алијанса за Албанците и Движењето Беса,  Блерим Река, во рамки на предизборната кампања, вечерва одржа митинг во Гостивар.

Река истакна дека партиите на власт сервираат комерцијален патриотизам, не го гледаат интересот на граѓаните, туку само личниот и партиски интерес и дека институциите немаат капацитет за да ја внесат земјата во ЕУ.

„Нема експерти, нема професионална администрација и никаква институционална подготовка за да се започнат преговори со ЕУ, не се исполнети критериумите за влез во ЕУ. Немањето на перспектива ја испразни државата, луѓето заминуваат и тој тренд ќе продолжи доколку не се променат политиките. Немањето на перспектива не е само поради невработеноста, туку и поради заситеноста на граѓаните од непотизам и корупција, недостиг на владеење на правото и политизирано судство.“, кажа Река, кој претставувајќи го концептот „Река за Републиката“ нагласи:  „За да може да го живееме концептот за една Република за сите, треба да постои реална еднаквост, а не само формална. Во една република, нема давање на права, затоа што тие права се природни права на секој државјанин на оваа држава, а не на дискрецијата на оваа владеење која одлучува кому, кога и колку права ќе му се дадат. Македонија како мултиетничко опшество не може да функционира како моноетничка земја. Затоа на 21 април вашиот глас е глас за промена, глас против корупцијата и неправдата“.

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села рече дека е време Албанец да биде претседател на државата и дека концептот за консензуален кандидат на ДУИ и СДСМ е нереален и лажен. „Гласот на Албанците ќе оди за Блерим Река. Таканаречениот концепт на консензуален кандидат лежи во заедничката спогодба за амнестирање на одговорностите и нарачателите на 27-ми април, за спасувањето на  Трајко Велјановски, за прикривање на криминалите“, рече Села.

Свое обраќање имаше и претседателот на движењето Беса, Билал Касами. „Велат дека не може Албанец да биде претседател, затоа што Македонците нема да го гласале. Не е така. Ако сакаат европска република, велам дека и Македонците мора да гласаат за концептот на Блерим Река“, рече Касами.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена