Гостивар
Реконструкција на две улици во Гостивар, кај гимназијата и кон Долна Бањица

Во Гостивар во тек е реконструкција на две улици, дел од проектите кои се финансирани од владината програма за поддршка на општинските инфраструктурни инвестиции. Работи се изведуваат на улицата „Сервет Бајрами“ (од Долна Бањица до гимназија) и „Никола Тесла“ (спроти влезот на гимназијата).
Во увид на терен таму, денес беше градоначалникот Ваљбон Лимани.
„Ги посетивме двете улици на кои се врши целосна реконструкција, со тротоари како што е предвидено со проектот. На тој начин на нашите граѓани ќе им понудиме подобри услови и побезбедно движење.“, рече Лимани.
Улицата „Сервет Бајрами“ е во должина од 770 метри, додека „Никола Тесла“ околу 440 метри. Овие инфраструктурни зафати се во вредност од околу 30 милиони денари.
Како што најави градоначалникот, следната недела се очекува почеток на два капитални проекти во Гостивар:
„Веќе сите процедури за реконструкција на бул.„Браќа Ѓиноски“ се завршени, одобренијата се земени и се надевам дека во тек на наредна недела ќе се започне со работа. Исто така, најверојатно наредната недела ќе се почне со работа и на ул „Беличица“ во склоп на проект со Светска банка преку Министерството за транспорт и врски“.
При теренскиот увид Лимани го придружуваше и министерот за здравство Арбен Таравари, кој претходно беше во посета на гостиварската болница, како и општински советници и административци.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос