Поврзи се со нас

Гостивар

Реконструкција на хирургија во Гостивар: Соби со клима и ТВ, специјален под, нови врати и прозорци…

Објавено

на

Пациентите кои во иднина ќе се оперираат и третираат на хируршкото одделение во гостиварската болница, ќе имаат современи услови според високи стандарди. Во овој оддел, се изведуваат работи за реконструкција, кои целосно ќе го променат изгледот на хирургија.

Проектот опфаќа поставување на специјални подови, зафати во електричната инсталација, нови врати и прозорци, посебен оддел за интензивна нега на оперираните пациенти и друго. Сите болнички соби ќе бидат климатизирани со телевизори, а се подготвуваат и еднокреветни апартмани.

„Поголемите градежни работи се веќе завршени. Деновиве ќе се работи на подот, кој ќе биде специјален, антимикробен. Потоа ќе следува поставувањето на вратите, прозорите и сите други финеси што треба да се довршат. Може да кажеме дека одделението ќе има многу добри услови за пациентите, кои ќе ги исполнуваат веропските стандарди. Конечно Гостивар тоа го заслужува, а и тимовите на хирургија кои имаат вложено и дадено многу во здравството, заслужуваат да работат во еден таков модерен простор“, изјави Јакуп Јакупи, директор на општа болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар.

Според најавите, проектот комплетно би требало да се заокружи за 40-тина дена.

Директорот Јакупи вели дека хируршкото одделение во Гостивар располага со модерна апаратура и опрема и има доволно професионален кадар од општи и хирурзи специјалисти за да ги задоволи потребите на пациентите за реонот што го покрива.

Проектот за реновирање на хирургија болницата го реализира од сопствен буџет, а вредноста достигнува околу 12 милиони денари.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена