Вести
Рекорден број на фалсификувани евра во Германија
Во Германија минатата година беа повлечени од оптек повеќе лажни евро банкноти отколку во 2022 година, објави Бундесбанк (германска Централна банка).
Бројот на лажни банкноти повлечени од оптек во 2023 година е зголемен за 28,2 отсто во споредба со 2022 година, што изнесува 56 илјади евра, се наведува во соопштението на Бундесбанк.
Вкупната штета предизвикана од употреба на лажни банкноти изнесува 5,1 милион евра. Во исто време најголема штета е направена на банкнотите од 200 и 500 евра преку трговијата со накит, златни шипки, часовници и автомобили.
Банкнотата од 50 евра и натаму е најпопуларна меѓу фалсификаторите. Дури 38 отсто од сите запленети фалсификувани банкноти се банкноти од 50 евра. После тоа доаѓаат банкнотите од 20 евра.
Монетите од две евра се меѓу најчесто фалсификуваните монети.
Бундесбанк посочува дека и покрај зголемувањето на бројот на запленети банкноти, фалсификувањето пари сè уште е на ниско ниво.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди