Македонија
Рекорден број на новинари и медиумски работници на Изборното собрание на ЗНМ

Рекорден број на новинари и медиумски работници беа присутни на годишното Изборно собрание на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на кое се гласаше за нов Претседател на Здружението и за нови членови на Управниот одбор, Надзорниот одбор и Советот на чест при ЗНМ.
Присутни во салата беа околу 500-тини новинари и медиумски работници, од кои регистрирани со право на глас беа 487 новинари.
ЗНМ денес ги објави конечните резултатите.
ЗаПретседател на ЗНМе избран Младен Чадиковски со 275 гласови, Марјан Николовски освои 119 и Фиљана Кока 53 гласови, а неважечки ливчиња беа 11 од вкупно 458 гласа.
За членови на Управен одбор се избрани:
- Анета Блажевска
- Аслан Вишко
- Сенат Зулбеари
- Трајче Илиевски
- Мишко Иванов
- Маја Јовановска
- Петар Клинчарски
- Искра Опетчевска
- Среќко Поповски
- Ристо Тасев
За членови на Надзорен одбор се избрани:
- Мефаил Исмаили
- Роберт Коцев
- Сеад Ризвановиќ
- Горан Симоновски
- Миомир Серафиновиќ
За членови на Совет на честа се избрани:
- Саше Димовски
- Огнен Јаневски
- Мира Костиќ
- Емилија Мисирлиевски
- Игор Стефановски
Годишното редовно Изборно собрание беше најпосетениот новинарски настан во Македонија каде што на демократски и фер начин, новинарите и медиумските работници го искажаа своето мислење за иднината на новинарството во која ќе продолжат да се имплементираат и понатаму принципите на професионалното новинарство, соопшти ЗНМ.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава