Поврзи се со нас

Вести

Рекорди на инфицирани со ковид во светот, во Италија задолжителна вакцина за сите над 50 години

Објавено

на

Во светот вкупниот број регистрирани КОВИД-случаи надмина 300 милиони. Тоа се должи на новите рекорди на инфицирани во десетици земји во текот на минатата недела поради брзото ширење на сојот омикрон. Во изминатите седум дена, 34 земји го регистрирале својот најголем број неделни случаи од почетокот на пандемијата, вклучувајќи 18 нации во Европа и седум во Африка.

Омикрон предизвика голем скок на инфекции и приеми во болница. Бројот на КОВИД-пациенти во Велика Британија се искачи на 18 454 во четвртокот, двојно повеќе во однос на две недели претходно. Поради зголемувањето на отсуствата на вработени во британските болници, армијата веќе му помага на медицинскиот персонал.

И во регионот се преземаат нови мерки за справување со КОВИД-кризата поради брзото ширење на позаразниот сој на коронавирусот.

Од три региони во северниот дел на Грција в среда ќе почне мобилизација на приватни лекари, кои еден месец ќе помагаат во државните болници во борбата со пандемијата.

Грчките болници се соочуваат со сериозни проблеми и недостиг на персонал со оглед на тоа што околу 2500 здравствени работници се во карантин поради зараза со КОВИД-19. Во карантин во Грција се и околу 2000 полицајци.

Средношколците во Војводина, пак, од утре, кога треба да го почнат второто полугодие, ќе ја следат наставата на далечина поради зголемениот број новозарзени со омикрон.

Во Италија вчера стапи во сила задолжителна вакцинација против коронавирус за Италијанците над 50-годишна возраст.

Оние кои до крајот на месецов не се вакцинирале, примиле втора доза или „бустер“ доза, од 1 февруари ќе бидат казнети со 100 евра. Мерката ќе биде во сила до 15 јуни и ќе важи за сите жители на возраст над 50 години, вклучително и за странски државјани.

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте во телевизиско обраќање пред два дена се закани дека невакцинираните луѓе ќе бидат приведени доколку не ја послушаат наредбата да останат дома откако во државата е потврден најголем број новозаразени во изминатите три месеци.

Вкупниот број на инфекции во таа земја е над 2,88 милиони и има повеќе од 51 700 смртни случаи. По Индонезија, тоа е втор најголем број заразени и починати со КОВИД-19 во Југоисточна Азија.

Највисока стапка на смртност од коронавирус во светот има Перу и е на врвот по вкупни смртни случаи од КОВИД-19 по глава на жител. Земјата со 33 милиони жители има повеќе од 6000 на милион починати од болеста.

Во таа јужноамериканска земја повеќе од 202 900 луѓе починале од почетокот на  пандемијата. Владата на Перу соопшти дека КОВИД-19 убил најмалку еден родител или примарен старател на речиси 98 000 деца во земјата

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 часа

(Фото) Еве што најде полицијата во ординацијата на надрилекарот во Врапчиште

Македонијапред 4 часа

Градежните фирми лани потрошиле 11,123 милијарди денари за градежни материјали и енергија

Спортпред 5 часа

Алкараз физички не издржа, Ѓоковиќ во финалето на Роланд Гарос

Гостиварпред 6 часа

Си товареле инвентар од обложувалница без да знае бизнис партнерот, приведени пет лица во Гостивар и еден во Тетово

Гостиварпред 7 часа

Од утре онлајн аплицирање за упис во средно

Гостиварпред 8 часа

Малолетник фатен со марихуана ноќеска на улица во Гостивар

Гостиварпред 9 часа

Државата има правни механизми за раскинување на концесиите за мали хидроцентрали во Маврово, порачува Еко свест

Гостиварпред 10 часа

Уапсен надрилекар во Врапчиште – Најдени апчиња, пари, медицински белешки во неговата лажна ординација

Гостиварпред 11 часа

Спортски игри за основците во Гостивар: Влечеа јаже, скокаа во вреќи, додаваа топка…

Гостиварпред 3 недели

Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ

Гостиварпред 4 недели

Продавале девојче за 50 до 200 евра, меѓу уапсените има и од Гостивар

Вестипред 3 недели

Планинско велосипедска тура „МТБ Маврово 2023“ – Во тек е пријавување

Гостиварпред 3 недели

Тамара од Гостивар ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг!

Писмапред 2 недели

ПИСМА: Граѓани од Гостивар реагираат на небезбедно градилиште

Гостиварпред 2 недели

ПИСМА: Стотина родители инсистираат на целодневна настава во ОУ „Гоце Делчев“ Гостивар

Гостиварпред 2 недели

30 дена притвор за гостиварецот пријавен за сексуално вознемирување на малолетната внука

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар утре хит комедијата „Обвинителка“ со легендарната Лидија Вуќичевиќ

Гостиварпред 4 недели

Група граѓани од Гостивар со поддршка за Реџеп Таип Ердоган

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена