Вести
Рекордно ниска површина под мраз на морето околу Антарктикот
Трета година по ред, површината на морето под мраз околу Антарктикот се спушти под два милиони квадратни километри, што не се случило пред 2022 година од почетокот на сателитските мерења во 1979 година. Најновите податоци на американскиот центар за снег и мраз потврдуваат дека во претходните три години количината на лебдечки мраз на континентот била најмала досега, јави „Гардијан“.
Научниците велат дека уште една година опаѓање на морскиот мраз е доказ за „промена на режимот“ и оти континентот поминал низ „нагла критична транзиција“.
Мразот на Антарктикот го достигнува најниското ниво на врвот на летото на континентот, во февруари секоја година.
Петдневниот пресек, кој бил направен на 18 февруари, покажа дека површината на мразот паднала на 1,99 милиони квадратни километри, а на 21 февруари таа изнесуваше 1,98 милиони.
Најниско ниво е забележано во февруари 2023 година, кога изнесувало 1,78 милиони квадратни метри.
Сигурно е дека трите години со најниско ниво на мраз се последните три години, изјави Вил Хобс, научник за мраз од Универзитетот во Тасманија.
Научниците предупредија дека губењето на морскиот мраз е само една од неколкуте големи промени забележани на Антарктикот, а кои веројатно ќе имаат глобални последици, особено затоа што неговата загуба изложува голем дел од континентот на океан, забрзувајќи ја загубата на мразот на копното, што може да го подигне глобалното ниво на морињата.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 2 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба