Поврзи се со нас

Гостивар

Спортско-рекреативниот центар во Гостивар готов, апел до граѓаните да не се уништува урбаната опрема

Објавено

на

Изградбата на новиот спортско-рекреативен центар покрај Вардар во Гостивар е завршена, преостанато е доуредување на некои детали за да го добие конечниот изглед. Центарот се протега од малиот до големиот мост во должина од околу половина километар. Содржи специјална подлога за пешачење и трчање, вештачки карпи за качување, реквизити за деца и лица со посебни потреби, патека за слепи.

„Овој проект е капитална инвестиција на Општина Гостивар за 2020-та година, со кој сакавме граѓаните да добијат модерна и опремена локација за спортување и рекреација, и навистина сметам дека го постигнавме тоа. Работите се во завршна фаза, односно сега се работи на некои детали. Малку се доцнеше заради пандемијата, но ете дојдовме до реализација на проектот.“, рече Дашмир Османи, од канцеларијата за Локален економски развој на О.Гостивар.

Во Гостивар за жал, честопати се случува јавните површини, зеленилото и урбаната опрема да бидат мета на вандали. Во таа насока, Османи упати апел секој поединец да биде совесен и да не се уништува новиот спротско рекреативен центар.

Центарот во Гостивар се реализира во рамки на проектот„ Јакнење на општинските совети“, што го спроведе УНДП со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка. Од вкупната сума на проектот 250 илјади евра, 50 илјади се обезбедени од Швајцарските фондови, додека 200.000 од буџетот на општината.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена