Гостивар
Реоформен Младинскиот совет во Гостивар

Во Гостивар повторно ќе функционира Локален младински совет, како тело кое ќе ја застапува младата генерација и ќе се залага за нејзините барања и потреби. Одлуката за реактивирање беше донесена на денешната седница на Советот на Општина Гостивар.
„Формирањето на Локалниот младински совет е нов предизвик и има за цел да го зголеми учеството на младите во заедницата, во креирањето на локалните политики, како и во донесување на одлуки важни за заедницата. За младите ова претставува мотивирачки чекор за активно граѓанство.“, рече Азра Нуредини, како координатор од локалната самоуправа, а потоа даде осврт на работата и функционирањето на младинските центри кои ги има во Гостивар, како и на активностите и проектите коишто тие ги спроведуваат со фокус на младата популација.
Локалниот младински совет на Општина Гостивар има 11 членови кои доаѓаат од средни училишта, подмладоци на политички партии и граѓански организации. Нивниот мандат ќе трае две години.
На денешната седница на општинскиот совет беа изгласани и годишни планови за вработување на неколку училишта, како и измена на планот за вработување на Општина Гостивар.
Советниците ја усвоија и Програмата за уредување на градежно земјиште, а донесоа и неколку други одлуки од областа на урбанизмот главно врзани со легализацијата на бесправно изградени објекти.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос