Гостивар
Реставрација во Лешочки манастир-Митрополитот г.Јосиф и министерот Љутков на увид во работите

Во Лешочкиот манастир започнати се градежни работи за конзервацијата, реставрацијата и ревитализацијата на Стариот конак и конзерваторски и истражувачки работи во црквата Успение на Пресвета Богородица од 14 век, која има историски значаен фрескоживопис.
Денес увид во работите извршија Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и министерот за култура Зоран Љутков.
„Министерството за култура обезбеди 6 милиони денари за Сариот конак, да се заврши голем дел од изградбата и дополнителни средства за црквата Света Богородица.“, информира министерот.
Митрополитот г. Јосиф се заблагодари на министерот на грижата за ова значајно светилиште за Тетовско-гостиварската епархија при МПЦ-ОА.
„Условите за сместување ќе бидат одлични, конакот ја опфаќа и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ, трпезарија, библиотека со богат фонд на книги“, изјави Владиката.
Според најавите работите на Стариот конак ќе завршат до крајот на годината.
фото:тетовско-гостиварска епархија
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите