Поврзи се со нас

Македонија

Рестораните и кафулињата ќе работат до 20 часот, на маса максимум 4…

Објавено

на

Угостителските објекти во Македонија утре ќе може да ги дочекаат првите гости, по два и пол месеци пауза во работењето. Владата даде зелено светло за отворање на рестораните, кафулињата, пицериите. Но, тоа се однесува само на летните тераси и под утврдени протоколи.

Министерот за економија, Кресник Бектеши одговарајќи на новинарско прашање: Кое ќе биде работното време на угостителите, со оглед дека протоколите се работени во време кога важеше полицискиот час одговори:

„Угостителските објекти ќе може да работат до 20 часот, максимум на една маса може да седат четири лица и тие не мора да бидат од исто семејство. Остануваат да важат мерките за држење дистанца и дезинфекција.“, рече министерот.

Протоколот за угостителите кои послужуваат храна, кој беше објавен од Агенцијата за храна и ветеринарство, меѓу другото предвидува:

„Угостителите треба да спроведуваат строги мерки за избегнување на евентуален пренос на инфекцијата меѓу вработените и гостите, пренос на инфекцијата преку контаминиран прибор и опремата која доаѓа во контакт со храната и гостите, како и мерки за избегнување на пренос на инфекцијата при прием на храната и послужувањето на гостите.
Примарна останува примена на мерките за лична заштита како што се носењето на заштитна маска од страна на вработените, одржување на хигиена на рацете, физичко дистанцирање од 1,5 – 2 метри меѓу самите вработени и со гостите, но пред се избегнување на допирање на очите, носот и устата. Задолжителна ќе биде дезинфекцијата на рацете и на гостите и на вработените кои тоа треба да го практикуваат почесто, односно во неколку наврати во текот на подготовката и послужувањето на храната. Покрај основната, за вработените треба да се обезбеди и дополнителна заштитна опрема, како што се штитови за лице, водонепропустливи престилки, гумени ракавици и чизми.
Во поглед на организирањето на примот на гостите, масата треба да биде максимум за 4 гости кои ќе бидат сместени на површина од 10 квадратни метри. Растојанието од задниот дел од столицата до задниот дел од столицата на соседната маса треба да изнесува најмалку 1 метар, а гостите да се гледаат едни со други на растојание од најмалку 1, 5 метар.“

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена