Гостивар
Рестрикциите го раздвижија вакциналниот пункт во Гостивар
Воведувањето на ограничувањата за невакцинираните граѓани го зголеми интересот за антиковид вакцина во Гостивар и донесе поголема раздвиженост на вакциналниот пункт на Здравствениот дом. Од вчера, во угостителски локали, трговски центри и други објекти може да влегуваат само вакцинирани со две дози. По последниот ковид бран, следуваше стагнација на имунизацијата во првиот град на Вардар, но изминатите денови, повторно се трошат голем број на вакцини.
„Од минатата недела има зголемен интерес за примање прва доза. Одамна не се случило да имаме по 150 нови пациенти за вакцинирање во текот на еден ден. Може да се каже дека за тоа придонесоа новите мерки коишто беа најавени, а се воведоа сега. На пунктот, вакцинацијата се одвива по истиот редослед, работното време ни е од 8 часот наутро до 18 часот попладне, а од викендот што следува ќе се работи и во сабота.“, информира д-р Дафина Богданоска, одговорна за вакцинацијата во Здравствен дом Гостивар.
Пред неколку дена започна и имунизација против сезонски грип. Лекарите информираат дека вакцините против двата вируса може да се примат истовремено. Доколку не се даваат во ист ден, нема ограничување во растојанието помеѓу двете вакцини.
Во препораките од Националната комисија за имунизација има неколку новини. Лицата помлади од 60 години, кои во друга земја се вакцинирани со една доза AstraZeneca, може да примат втора доза во Македонија, но исклучиво од Фајзер. Ризичните категории пациенти пак, за трета доза не мора да чекаат 6 месеци, туку може да се прими по три месеци. Кај лицата кај кои после првата доза, вакцинацијата е прекината или одложена од одредени причини и не е спроведена согласно упатствата на производителот, може да се комплетира вакцинацијата со давање на втора доза од Фајзер. Втората доза на вакцина на AstraZeneca да се спроведува најмалку 4 недели по примена прва доза на вакцина, што е во согласност со упатството на производителот кое дава можност втората вакцина да се даде помеѓу 4 и 12 недели по првата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 1 месец
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Рецептипред 2 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | ИНТЕРВЈУ со д-р Стојо Бошкоски
Вести
Restriksionet krijuan lëvizje në pikën e vaksinimit në Gostivar
Vendosja e kufizimeve për qytetarët e pavaksinuar rriti interesimin për vaksinën kundër vaksinës në Gostivar dhe solli lëvizshmëri më të madhe në pikën e vaksinimit në Shtëpinë e Shëndetësisë. Prej ditës së djeshme në restorante, qendra tregtare dhe ambiente të tjera mund të hyjnë vetëm restorantet e vaksinuara me dy doza. Vala e fundit e Covid-it u pasua me ngecje të imunizimit në qytetin e parë të Vardarit, por ditët e fundit sërish po konsumohen një numër i madh i vaksinave.
“Që nga java e kaluar është rritur interesimi për marrjen e dozës së parë. Ka shumë kohë që nuk kemi pasur 150 pacientë të rinj për t’u vaksinuar brenda një dite. Mund të thuhet se për këtë kontribuan masat e reja që u shpallën dhe u prezantuan tani. Në pikën e kontrollit, vaksinimi bëhet me të njëjtin rend, orari ynë i punës është nga ora 08:00 deri në 18:00, ndërsa nga fundjava e ardhshme do të punojmë të shtunën”, tha dr. Dafina Bogdanoska, përgjegjëse për vaksinim në Shtëpinë Shëndetësore Gostivar.
Imunizimi kundër gripit sezonal gjithashtu ka nisur pak ditë më parë. Mjekët thonë se vaksinat kundër të dy viruseve mund të merren në të njëjtën kohë. Nëse nuk jepet në të njëjtën ditë, nuk ka kufi për distancën midis dy vaksinave.
Ka disa risi në rekomandimet e Komisionit Kombëtar të Imunizimit. Personat nën moshën 60 vjeçare, të cilët në një shtet tjetër janë vaksinuar me një dozë AstraZeneca, dozën e dytë mund ta marrin në Maqedoni, por ekskluzivisht nga Pfizer. Pacientët në rrezik nuk duhet të presin 6 muaj për një dozë të tretë, por mund ta marrin pas tre muajsh. Tek personat të cilët pas dozës së parë, vaksinimi ndërpritet ose vonohet për arsye të caktuara dhe nuk kryhet sipas udhëzimeve të prodhuesit, vaksinimi mund të kryhet duke dhënë një dozë të dytë të Pfizer. Doza e dytë e vaksinës AstraZeneca duhet të jepet të paktën 4 javë pas dozës së parë të vaksinës, e cila është në përputhje me udhëzimet e prodhuesit të cilat lejojnë që vaksina e dytë të jepet ndërmjet 4 dhe 12 javësh pas dozës së parë.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 1 месец
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Рецептипред 2 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | ИНТЕРВЈУ со д-р Стојо Бошкоски