Поврзи се со нас

Гостивар

Ретко „ДА“ во Гостивар – Пандемијата драстично го намали бројот на нови бракови

Објавено

на

Коронавирусот ги попречи плановите на младите парови да застанат пред матичар. Во гостиварско драстично е намален бројот на новите бракови. Според податоците од Државниот завод за статистика во април, мај и јуни во Гостивар се склучиле само 38, во Врапчиште 21, а во Маврово – Ростуше ниту еден нов брак. Споредено со лани, истиот период има три до четирипати помалку новоформирани брачни заедници.

Второто тримесечје од годинава беше и најпогодено од пандемијата, со карантини, полициски час, и други ограничувања. Во надеж за подобри времиња, идните младенци ги одложија свадбите, како и склучвањето на граѓанскиот брак.

Од златарите и бутиците за свечена облека во Гостивар, велат дека не паметат толку лоша сезона, каква што е оваа.

„Во нашето скоро 30-годишно работење немало ваква криза. Ништо не се продава. Порано се знаеше, доаѓале купувале златно, најмногу за невестите, оваа година е најлошото нешто што имаме доживеано. Вака не беше ни во 2001-ра кога имаше конфликт. Ако има свадби, печалбари, ќе живее градот, ако не, се ќе пропадне. Во Гостивар нема фабрики и некој аиндустрија. Од што ќе живее народот?“, велат трговците.

Забраната за организирање на свадби, крштевки и други прослави во угостителски објекти се уште трае. Угостителите и музичарите побараа надлежните да направат промена на протоколот и да дозволат организирање на такви настани, но тоа до сега не е прифатено.

Младите парови, коишто не сакаат да чекаат повеќе за брак, овој период се регистрираат во матичната служба, а прославуваат скромно – со најтесното семејство на заеднички ручек.

Според анализите на Државниот завод за статистика, во Македонија бројот на склучените бракови во второто тримесечје од годинава е намален за 66.5 % во споредба со истиот период лани.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Технологијапред 6 минути

YouTube слави 19-ти роденден-Знаете ли кое било првото објавено видео?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Мирен изборен ден во Гостивар, попладнево поголема раздвиженост на избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Во Општина Гостивар до 11 часот излезноста е 7,46%

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Во Општина Врапчиште до 9 часот гласале 422 избирачи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 20 часа

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 21 час

Кривична пријава за бесправно градење во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена